петок, 5 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: амбасадори | 104 резултати

Заев на состанок со амбасадорите од ЕУ: Земјата се движи во вистинска насока, партнерството со ЕУ е наша главна цел

23 септември 2021

Премиерот Зоран Заев бил домаќин на редовниот годишен состанок на шефовите на дипломатските мисии на земјите членки на ЕУ во нашата земја, информираат од владината прес-служба. Заев разменил мислења со амбасадорите за актуелните и најважни активности во Северна Македонија со посебен акцент на процесот за интеграција на земјата во Европската Унија. „Премиерот Заев, пред амбасадорите […]

Османи ја собра европската дипломатска мрежа на амбасадорски состанок

13 јули 2021

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска одржа вонреден тематски работен состанок со Амбасадорите акредитирани во земјите членки на ЕУ и институциите поврзани со ЕУ, информираат од Министерство за надворешни работи. Состанокот се одржа на самиот почеток на словенечкото претседателство со ЕУ, што беше и главна тема на состанокот. „Следниот период, идните дипломатските делувања во […]

Пендаровски на средба со новоименуваните амбасадори на РСМ во странство

10 март 2021

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими новоименуваните амбасадори на Република Северна Македонија, пред заминување во странските држави каде што ќе ги извршуваат своите дипломатски должности. Како што соопштија од претсдателскиот кабинет, на средбата присуствуваа: Сашко Тодоровски, амбасадор во Чешката Република, Горан Цеков, амбасадор во Јапонија, Светлана Гелева, амбасадорка и постојан претставник при Советот на Европа, […]

Црна Гора и Србија си ги прогласија амбасадорите за „персона нон грата“ поради историско прашање

29 ноември 2020

Црна Гора и Србија влегоа во дипломатски конфликт поради историско прашање. Министерството за надворешни работи на Црна Гора побара од српскиот амбасадор Владимир Божовиќ да ја напушти земјата откако го прогласи за „персона нон грата“. „По подолго и континуирано мешање во внатрешните работи на Црна Гора, преку однесувањето и изјавите кои се невообичаени и неприфатливи […]

Отворен повикот на Women in Tech Macedonia за млади амбасадори

11 септември 2020

Меѓународната непрофитна организација Women In Tech Global и Women In Tech Македонија, чија мисија е да се затвори родовиот јаз и да им помогне на жените полесно да се вклучат во технологијата, отвораат повик за нивната програма, Women In Tech Youth Ambassadors, наменета за млади девојки од 16 до 21 година. „Women In Tech Youth […]

Заев на брифинг со амбасадорите од ЕУ: Приоритет на Владата се процесите за приклучување кон ЕУ

3 септември 2020

Премиерот Зоран Заев, придружуван од Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, Бујар Османи министер за надворешни работи, Бојан Маричиќ министер за правда и државните секретари Калина Габер од Секретаријатот за европски прашања и Зоран Попов од Министерството за надворешни работи, денеска одржаа утринска брифинг средба со амбасадорите на […]

ЕУ ќе избере 60 млади од Западен Балкан кои ќе станат лидери за инспиративни промени во регионот

28 јули 2020

Европската унија ќе избере 60 млади луѓе од различни земји од Западен Балкан, кои ќе станат лидери за инспиративни промени во регионот каде што живеат, пренесува „Порталб.мк.“ Кандидатите за амбасадори мора да покажат уникатна перспектива и да бидат подготвени да учат и инвестираат време и талент на разни обуки. Нивната возраст е од 18 до […]

Не, Израел не се заканил дека ќе ја наполни Европа со мигранти

23 јануари 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од […]

Пендаровски: Над 90 отсто од предложените амбасадори се кариерни дипломати

13 декември 2019

Над 90 отсто од предложените амбасадори се кариерни дипломати, односно се професионално вработени во Министерството за надворешни работи, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање на Регионалниот антикорупциски форум на СЕЛДИ. Тој додаде дека професионализацијата на амбасадорите била една од неговите први заложби кога станал претседател и еден од принципите на кои инсистирал […]

Владата прифати 12 амандмани за измени и дополнувања на предлог-буџетот 2020

12 декември 2019

На денешната редовна 170. седница, Владата го утврди текстот на дополнетиот предлог-буџет 2020 година. „Владата прифати 12 амандмани за измени и дополнувања на предлог-буџетот 2020, што произлегоа од расправата за буџетот во собраниските комисии, и донесе одлука текстот на дополнетиот предлог-буџет за 2020 година да биде пуштен во Собранието на усвојување“, информираат од таму. На […]

Дури 80 отсто од шефовите на дипломатските претставништва ќе бидат дипломати од кариера

11 декември 2019

Министерството за надворешни работи го подготви нацрт предлог-законот за надворешни работи во кој се дефинираат критериумите за избор на амбасадори односно се одредува дека од вкупниот број шефови на димпломатско-конзуларните претставништва најмалку 80 отсто треба да бидат именувани од редот на кариерните дипломати. „За вонреден и ополномоштен амбасадор односно генерален конзул може да биде поставен […]

Димитров приреди работен прием за амбасадорите на САД во регионот на ЈИЕ

31 октомври 2019

Министерот за надворешни работи Никола Димитров синоќа приреди работен прием за амбасадорите на САД во регионот на Југоисточна Европа, кои под раководство на заменикот-помошник државен секретар и специјален претставник за Западен Балкан, Метју Палмер одржуваат советување во Скопје. „Дојдовте во интересно време. Благодарни сме што споделуваме заедничка визија за регионот. Завршивме голема работа, направивме големи […]

Шекеринска и Димитров на брифинг со амбасадорите на земјите-членки на НАТО

15 ноември 2018

Денеска во Владата, на покана на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се одржал брифинг со амбасадорите на земјите-членки на НАТО Алијансата, акредитирани во Македонија. „Брифингот беше посветен на актуелностите врзани за пристапниот процес за интеграција на  Македонија во Северно-атлантската Алијанса и истиот имаше за цел амбасадорите на земјите […]

Иванов ги прими акредитивите на новите амбасадори на Обединетото Кралство и Саудиска Арабија

26 јули 2018

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска во вила Билјана во Охрид ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и на Кралството Саудиска Арабија во Република Македонија. Како што соопшти кабинетот на претседателот, на предавањето на акредитивните писма од страна на новоименуваниот британски амбасадор Рејчел Галовеј, […]

Иванов демантира дека блокира назначување амбасадори

26 јуни 2018

Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов ги демантира тврдењата на Дипломатскиот клуб Скопје за блокада на назначување шефови на дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија. „За сите предлог-кандидати за амбасадори, за кои претходно е постигната согласност со Министерството за надворешни работи, постапките за нивно именување се во тек. Согласно законските процедури, за дел од прифатените и усогласени предлози, […]

Дипломатски клуб: Иванов ја уништува дипломатијата

26 јуни 2018

Дипломатски клуб – Скопје се огласи со реакција, за како што се вели, блокада во професионалниот развој на дипломатската структура во Министерството за надворешни работи и во несоодветното претставување на земјата во странство. Вината ја ставаат врз претседателот Ѓорге Иванов. „Евидентно е дека заради блокадата за неименување на шефови на Диломатско-конзулрните претставништва на Република Македонија […]

Македонија заслужува датум за преговори со ЕУ и покана за НАТО, сметаат Османи и Димитров

21 мај 2018

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествуваа на работна средба со амбасадорите на земјите – членки на Европската Унија во Македонија, организирана од страна на амбасадорот на Република Бугарија во земјава, Иван Великов Петков. Тема на состанокот беа политичките состојби околу евроинтегративните процеси во Република Македонија, а […]

Османи: Очекувам најдобар извештај и чиста и безусловна препорака од ЕК за Македонија

7 март 2018

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи очекува најдобар извештај на Европската Комисија за Македонија досега, кој ќе биде проследен со чиста и безусловна препорака за почеток на преговорите на Македонија за зачленување во ЕУ. Тоа, рече тој на конференцијата во Владата, ќе биде најголема потврда дека Македонија повторно е вратена на европскиот колосек. – Секако, […]

Османи очекува Македонија да се приклучи на колосекот за влез во ЕУ до 2025 година

5 февруари 2018

Стратегијата за проширување на Европската Унија е една од најважните иницијативи на Европската комисија за овој регион, истакна вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи на денешниот координативен работен појадок со амбасадорите и нивните претставници од земјите од Западен Балкан. Средбата се одржува во пресрет на објавувањето на Стратегијата на Европската комисија, за проширување со земјите […]

Димитров до амбасадорите од ЕУ: Можеме да бидеме фактор на успех

22 јануари 2018

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната средба со амбасадорите на земјите – членки на Европската Унија, повторно ја нагласил заложбата на Македонија за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ и потребата да се посвети внимание на процесот на интеграција во ЕУ. Димитров исто така информирал за конкретните реформски активности во  правосудството, добро владеење, […]

Страна 1 од 5