Османи ја собра европската дипломатска мрежа на амбасадорски состанок

-

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска одржа вонреден тематски работен состанок со Амбасадорите акредитирани во земјите членки на ЕУ и институциите поврзани со ЕУ, информираат од Министерство за надворешни работи.

Состанокот се одржа на самиот почеток на словенечкото претседателство со ЕУ, што беше и главна тема на состанокот.

„Следниот период, идните дипломатските делувања во однос на заокружувањето на нашето европско досие ќе бидат насочени кон искористување на можностите што ги нуди словенечкото претседателство, особено фактот што Словенија, како непосреден сосед на регионот, покажа посебен интерес за севкупен напредок на регионот на Западниот Балкан. Без разлика на предизвиците и сложениот политички контекст со кои се соочуваме, наша обврска е да продолжиме со несмален интензитет да го одржиме нашето досие високо на агендата кај европските престолнини“, изјави Османи, потенцирајќи притоа дека стартот на преговорите останува врвен приоритет за дипломатијата и во претстојниот период.

На состанокот беше направен и пресек – резиме на сите дипломатски активности преземени за време на португалското претседателство, при што Османи изрази задоволство од високото ниво на посветеност и интензивна активност на дипломатската мрежа кои ја позиционираат Северна Македонија високо во меѓународните односи. Во тој контекст на маса беа ставени и преземените обврски со нашето зачленување во НАТО и претседавањето со ОБСЕ во 2023 година.

Скенирајте ги вашите зеници и докажете дека сте човек – новата дигитална борба за идентитет

Дали сте робот? Сигурно досега многупати се имате сретнато со ова прашање кога пристапувате до некој сајт или социјална мрежа. Ваквиот филтер познат како reCaptcha на „Гугл“ го користат многу сајтови...

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани и нивната...

Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи и треба да го добие вистинското место во дипломатијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на домаќинка, се обрати на третата сесија на Форумот за културна дипломатија, што се одржува под покровителство на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов. Говорници на сесијата беа:...

Силен земјотрес во морето северно од Крит, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди морскиот регион североисточно од грчкиот остров Крит утрово во 6:19 часот по локално време, објави грчки Катимерини. Епицентарот бил...

Скенирајте ги вашите зеници и докажете дека сте човек – новата дигитална борба за идентитет

Дали сте робот? Сигурно досега многупати се имате сретнато со ова прашање кога пристапувате до некој сајт или социјална мрежа. Ваквиот филтер познат како reCaptcha на „Гугл“ го користат...