fbpx

Пендаровски: Над 90 отсто од предложените амбасадори се кариерни дипломати

-

Над 90 отсто од предложените амбасадори се кариерни дипломати, односно се професионално вработени во Министерството за надворешни работи, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање на Регионалниот антикорупциски форум на СЕЛДИ.

Тој додаде дека професионализацијата на амбасадорите била една од неговите први заложби кога станал претседател и еден од принципите на кои инсистирал во неговите првични консултации со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Пред да бидат испратени идните амбасадори треба да се завршат уште некои процедури, а тие исто така треба да ја презентираат својата програма пред надлежната собраниска комисија.

-И понатаму ќе се барат агремани од државите во кои ќе сакаме да ги пратиме. Тука има една временска одредница, која јас ја имав спомнав и порано, а сакам и сега да ја посочам. Се ближат избори, на 3 јануари доаѓа техничката влада, а многу битен датум е датумот на распуштање на Собранието и мислам дека тоа ќе биде околу 11, 12 февруари. По тој датум не можете ниту да вработите, ниту да унапредите кој било службеник во државната администрација, а не пак да праќате амбасадори – потенцираше Пендаровски.

Владата вчера на затворена седница ја утврди листата со 19 предлози за назначување амбасадори во следните дестинации – Атина, Белград, Загреб, Тирана, Брисел, Хаг, Москва, НАТО, Совет на Европа (Стразбур), ОН (Женева), Доха, Прага, Њу Делхи, Рим, Тел Авив, Копенхаген, Ватикан, Приштина и Пекинг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...