ЕУ ќе избере 60 млади од Западен Балкан кои ќе станат лидери за инспиративни промени во регионот

Европската унија ќе избере 60 млади луѓе од различни земји од Западен Балкан, кои ќе станат лидери за инспиративни промени во регионот каде што живеат, пренесува „Порталб.мк.“

Кандидатите за амбасадори мора да покажат уникатна перспектива и да бидат подготвени да учат и инвестираат време и талент на разни обуки. Нивната возраст е од 18 до 29 години. Овие амбасадори ќе учат за можностите што ги нуди ЕУ, вредностите на ЕУ и потоа истите ќе ги промовираат во нивните матични земји.

Процесот на селекција започна, кандидатите се претставија и сега се гласа, а потоа жирито на платформата ќе донесе одлука.

Од Северна Македонија, во трката се вклучени млади луѓе со потенцијал да бидат водачи на промени, меѓу нив се: Алберие Џемаили, Олти Есати, Александар Каратошо, Едон Исеини, Дора Смилевска, Изабела Јакимова, Војдан Узунов, Арбра Шабани, Стефан Тошевски, Арбан Колари, Ана Ќупева, Димитар Каљошевски, Виктор Тренкоски, Сара Ристеска, Егзона Беџети, Лирза Емини, Тамара Малкоска, Марија Коцевска, Дона Срдиќ Лазаревска, итн.

Платформата на млади европски амбасадори (МЕА) е мрежа што создава нови лидери од целиот Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија) со потенцијал да работат на разни проекти на Европската унија (ЕУ).

Амбасадорите ќе работат во важни области, предвидени од Европската унија, почнувајќи од уметноста и културата, спортот, животната средина и други прашања што ги има Западен Балкан каде е потребна значителна и фундаментална промена.
На овој линк ќе ги најдете натпреварувачите и нивните пораки да се гласа за нив.