Отворен повикот на Women in Tech Macedonia за млади амбасадори

Меѓународната непрофитна организација Women In Tech Global и Women In Tech Македонија, чија мисија е да се затвори родовиот јаз и да им помогне на жените полесно да се вклучат во технологијата, отвораат повик за нивната програма, Women In Tech Youth Ambassadors, наменета за млади девојки од 16 до 21 година.

„Women In Tech Youth иницијативата е наменета да им даде простор на младите девојки да ја подигнат свеста за овој проблем, да влијаат на истиот и да придонесат кон надминување на родовиот јаз во ИТ секторот“ велат од Women in Tech.

Нееднаквоста на работното место започнува со нееднаквоста во училницата. Истражувањата покажуваат дека родовиот стереотип почнува уште со бирање на предмети, како што е математиката, и има директна врска со фактот дека помалку девојчиња ги избираат овие предмети во своето понатамошно образование. Со ова се намалува веројатноста девојките да се насочат кон области кои ги изучуваат овие предмети, посочуваат од организацијата.

Пријавувањето е на следниот линк, а за повеќе детали може да прочитате на нивните социјални мрежи Facebook, Instagram и LinkedIn.