Пендаровски -амбасадори
Пендаровски-амбасадори фото: Кабинет на претседателот

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими новоименуваните амбасадори на Република Северна Македонија, пред заминување во странските држави каде што ќе ги извршуваат своите дипломатски должности.

Како што соопштија од претсдателскиот кабинет, на средбата присуствуваа: Сашко Тодоровски, амбасадор во Чешката Република, Горан Цеков, амбасадор во Јапонија, Светлана Гелева, амбасадорка и постојан претставник при Советот на Европа, Билјана Стефановска Сековска, амбасадорка во Комонвелтот Австралија, Бети Јачева, амбасадорка во Кралството Холандија, Драган Јордановски, амбасадор во Република Естонија, Лидија Бошковска, амбасадорка во Република Грција и Милаим Фетаи, амбасадор во Република Хрватска.

Пендаровски на амбасадорите им порача дека очекува првенствено и исклучиво да ги штитат интересите на Република Северна Македонија.

„Очекувам да бидете проактивни во спроведувањето на нашата надворешна политика, соодветно да постапувате и одговорате на надворешно-политичките предизвици. Вам ви припадна привилегијата, но и големата одговорност да продолжите да работите на меѓународниот углед на државата“, истакна Пендаровски на средбата.