Доста е од загубени животи по булеварите и во болниците, порачаа граѓаните пред Владата

-

„Тодоров оставка“, „Оди си Никола“, „Стоп за диктатурата“ и „Секој ден во 6“, извикуваа граѓаните на протестот под мотото „Доста е“, пред Владата и ги повикаа надлежните да преземат одговорност за загубените животи по булеварите и во болниците.

– Она што го почнавме на 5 мај, мора да го продолжиме бидејќи нашите барања не се исполнети. Сведоци сме на распад на институциите, кој се одразува фатално по нашите животи. Ни се случува во здравствениот систем луѓето наместо да се лечат, да умираат. Затоа сме тука, да кажеме дека доста ни е од ова што се случува и бараме институциите да профункционираат во интерес на народот. Се надевам дека ќе нè држи револтот сè додека не ги исполниме нашите цели и дека ќе бидеме овде секој ден во шест часот – рече Гоце Марковски од „Солидарност“.

Претставници на „Студентски пленум“ велат дека граѓаните треба да се кренат на нозе, затоа што „политичарите преговараат за себе, а не за нас и ни ја загразуваат нашата иднина“.

– Ужаснат сум од тоа што се случува со македонското здравство. За три дена две родилки умираат заедно со нивните бебиња. Го искасапија образованието, а своите деца ги носат на најелитни факултети. Го искасапија здравството, а се лечат по приватни болници. Најдобрите студенти по медицина ги испратија надвор од оваа држава, а вработија печурки партиски. Сакам да добијам ефективна правда, сакам најдобрите студенти по медицина да останат тука и да им се овозможи да работат во корист на граѓаните – вели Мариглен Демири од „Студентски пленум“.

Присутните граѓани сакаа протестот да го продолжат до Министреството за здравство или пред Клубот на пратеници, каде се одржуваат преговорите на работните групи на партиите, но решија да завршат пред Владата од каде порачаа дека ќе продолжат да протестираат секој ден во 18 часот.

Атила Бижен Жалили е нов сопственик на 85 отсто од акциите на ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар на својата страница на Фејсбук денеска објави дека нов сопственик на клубот со 85 отсто од акциите на клубот, е Атила Бижен Жалили. Тие го пренесуваат...