Руски авион со повеќе од 200 патници и членови на екипажот утринава се урна во Египет, поточно во централниот дел на Синај, потврдија египетските власти.
Авионот, кој бил од типот „ербас А-321“, се урнал набргу по полетувањето од Шарм ел Шеик, а летал кон Санкт Петерсбург.
Полицаец од тимот за спасување рекол дека авионот бил целосно уништен и дека најверојатно нема преживеани патници.
Во авионот имало, главно, руски туристи.