fbpx

„Не за преговори“, порачаа граѓаните и побараа eднаквост, правда и слобода

Во тензична атмосфера и по краток судир меѓу демонстрантите и полицијата пред зградата на Театар „Комедија“, заврши протестот на граѓанските организации. Мал инцидент се случи откако лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, ги повика граѓаните да ѝ се спротивстават на полицијата, која, според него, нема право...

Тензично кај ЕУ-Инфоцентар, демонстрантите се судрија со полицијата

Демонстрантите и полицијата се судрија на булеварот Свети Климент Охридски, пред зградата на Театар „Комедија“. До инцидентот дојде откако лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, кажа дека полицијата нема право да ги сопира граѓаните да го изразат својот револт бидејќи протестот е мирен и меѓу демонстрантите...

Демонстрантите го „бојадисаа“ Министерството за правда и им лепат срциња на полицајците

Демонстрантите на денешниот граѓански протест, кој во 18 часот почна пред СЈО, фрлаа тврди предмети и ќесиња полни со боја на зградата на Министерството за правда и извикуваа „Оставка“ и „Нема правда, нема мир“. Еден од демонстрантите остави ливчиња пред секој од полицајците што ја чуваат...

Омбудсман: Изборите не смеат да ги поместат матурата и екстерното тестирање

„Груба повреда на правата на учениците претставува промената на рокот за полагање на државната матура од 4 јуни на 28 мај, во услови кога редовната настава за матурантите завршува на 20 мај. Со тоа на учениците им се скратува времето за подготовка за полагање...

СДСМ сè уште нема донесено одлука дали ќе оди во Виена

СДСМ сè уште нема донесено одлука дали нивна делегација ќе присуствува на најавената лидерска средба в петок во Виена, закажана на иницијатива на тројцата европратеници, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан. На прашањето на „Мета“ дали во паријата донеле одлука и дали ќе присуствуваат...

„Не ве амнестираме“, порачаа граѓаните на вечерашните мирни и масовни протести

Во мирна атмосфера, со извици „Оставка“, „Никола на робија“ и „Не ве амнестираме“, пред зградата на Владата заврши денешниот протест на граѓаните против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува 56 политичари од судски процеси. Огромниот број демонстранти пред Владата пристигна од Министерството за култура,...

Масовен протест низ скопските улици, инспириран од криминалот за „Скопје 2014“

Денешниот масовен протест, според демонстрантите, но и според пораките и маршрутата на движење на, е посветен на „криминалот од проектот ’Скопје 2014’“. Насобраните граѓани пред Собранието ги повторија своите барања и потсетија зошто протестираат, додавајќи дека нема да престанат сè додека не се исполнат нивните...

ВМРО-ДПМНЕ ќе оди во Виена, СДСМ ќе се консултира со партиите и со невладините организации

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на состанокот на лидерите на четирите најголеми партии од Македонија за излез од кризата, што в петок во Виена го планира меѓународната заедница. Од  партијата потврдуваат дека ја добиле поканата што тројцата европратеници, Иво Вајгл, Едуард Кукан и Ричард Ховит, ја упатиле...

Што ќе донесе Виена: Бетонирање на 5 јуни или ново одложување?

По одлуката за општа аболиција на политичарите што ја донесе претседателот Ѓорге Иванов, што предизвика масовни протести, меѓународната заедница презема решителен чекор за смирување на состојбата. Последните информации се дека в петок во Виена е планирана средба на лидерите на четирите најголеми партии од Македонија. Најавата...

ЕУ испратила покани до партиите за нова лидерска средба во Виена

Делегацијата на Европската Унија во Скопје испратила покани до политичките партии за лидерска средба планирана за петок во Виена, потврдија за „Мета“ од делегацијата. Европратениците Ричард Ховид, Евдард Кукан и Иво Вајгл ги повикале четворицата лидери, потписници на Договорот од Пржино, в петок да се...

Брисел потврдува: Лидерска средба ќе има, но не се знае кога и каде

Европската комисија засега не потврдува дали политичките лидери в петок во Виена ќе имаат средба со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит и со еврокомесарот за проширување, Јонаес Хан. - Не можеме да го потврдиме состанокот, но секако комесарот Хан е во...

Денеска ќе се протестира во Скопје, Штип и во Битола

По еден ден пауза, демонстрантите денеска во 18 часот повторно се враќаат на улица. Денешниот протест ќе почне пред Специјалното јавно обвинителство, но сè уште не се знае каква ќе биде маршутата по која ќе се движат демонстрантите. Протести за денеска се најавени и во...

Коѕиас и Нимиц разговараа за спорот за името и за мерките за градење доверба

Шефот на грчката диломатија, Никос Коѕиас, се сретна со посредникот во спорот за името, Метју Нимиц. На вчерашната средба во Луксембург, каде Коѕиас од денеска учествува на Советот за надворешна политика на Европската Унија, тие разговарале за насоката во која се движат преговорите за името. Како што...

Коѕиас: Македонија повеќепати го прекрши меѓународното право околу бегалската криза

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, критикува дека Македонија повеќепати го прекршила меѓународното право при справувањето со бегалската криза и се однесувала небалансирано. Во интервју за „Весник на новинарите“, Коѕиас на прашањето колку инцидентите на Идомени ги отежнуваат грчко-македоските врски, истакнува дека Грција ја предупредила Македонија...

Протестот заврши без поголеми инциденти со најава за нови масовни собири

Неколку илјади демонстранти што протестираа поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да аболира лица осомничени за криминал, по едночасовно скандирање „Оставка“ и „Кого браните“ во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, мирно го завршија денешниот протест. Приодот кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, кај зградата Палома бјанка, беше блокиран...

Провокатори меѓу демонстрантите кај Порта „Македонија“, протестот продолжува пред Влада

Демонстрантите собрани пред Собранието, тргнаа кон Порта „Македонија“ каде што дел почнаа да фрлаат боја и јајца. Неколку граѓани се издвоија од толпата и почнаа со спреј да пишуваат на Портата. Едно лице, кое според демонстрантите е провокатор, почна да ги удира тие што пишуваа, навлекувајќи го...

Со развиорени знамиња на кои пишува „Непокор“, почна протестот на граѓаните

Граѓани, организирани од граѓанското движење „Протестирам“, денеска повторно се собраа пред објектот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да изразат поддршка за работата на оваа институција. Граѓаните вееја знамиња на кои пишува „Непокор“ и извикуваа „Нема да ве аболираме“, „Нема да ви простиме“, „Затвор за фашистите“...

Хан: Ако партиите не се фокусирани на фер избори, новата влада нема да биде меѓународно признаена

„Навистина сум разочаран од последните настани. Ние инвестиравме многу во договорот од јуни-јули минатата година за да се донесе земјата назад на евроатланскиот пат. Многу од роковите не беа испочитувани кога требаше, но конечно тоа беше направено. И затоа фактот дека сега изборите на...

Мирно завршија протестите кај Владата и кај СДСМ

Мирно заврши протестот пред Владата каде што протестираа демонстранти организирани од граѓанските организации. Заедно со граѓаните, се повлекоа и припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР). Протестот помина без поголеми инциденти. Граѓаните протестот го почнаа пред Специјалното јавно обвинителство, од каде што се упатија кон Собранието,...

Демонстрантите стигнаа пред Влада, атмосферата е мирна

Полицискиот кордон кој го имаше блокирано приодот кон Владата на крстосницата кај зградата „Тифани“, се повлече. Демонстрантите се пред Влада и таму го продолжија протестот во организација на граѓанските задруженија кои се против одлуката за аболиција на политичари за кои се води кривична постапка. Засега во мирна...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...