fbpx

„Не за преговори“, порачаа граѓаните и побараа eднаквост, правда и слобода

-

Во тензична атмосфера и по краток судир меѓу демонстрантите и полицијата пред зградата на Театар „Комедија“, заврши протестот на граѓанските организации.

Мал инцидент се случи откако лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, ги повика граѓаните да ѝ се спротивстават на полицијата, која, според него, нема право да ги спречи граѓаните да протестираат и да го изразат својот револт бидејќи протестите се мирни и меѓу нив нема насилници.

Во обид да ја премислат полицијата да ги пушти да протестираат пред ЕУ-Инфоцентарот, граѓаните извикуваа „Пуштете го народот“, „Николче диктаторче“ и „За преговори не“.

Еден од демонстрантите на полицајците јавно им ги постави прашањата: „Дали сте човечиња?“, „Колку е казна затвор за изборна измама?“ и „Дали ве греат ќебињата од ЈНА?“.

На крајот на протестот, Стојанче Ангелов им се обрати на полицајците и им порача да размислат дали следните денови ќе им се придружат на демонстрантите. Тој ги потсети на лошите услови во кои работат, немањето дневница за тоа што се тука и им порача дека нема да ги избркаат од работа доколку во голем број преминат „на другата страна“.

Протестот на граѓанските организации почна пред Специјалното јавно обвинителство, а продолжи кон Собранието, при што демонстрантите кратко се задржаа пред зградата на Министерството за правда, по која фрлаа ќесиња со боја.

По Собранието, тие се упатија кон зградата на Владата, каде што на железната ограда, пред полицијата, го оставија транспарентот „Еднаквост, правда, слобода“.

Од пред Владата, тие се упатија пред ЕУ-Инфоцентарот, но не успеаја да стигнат до зградата бидејќи беа пресретнати од Единицата за брзо распределување и од голем број оклопни возила.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...