fbpx

Протестот заврши без поголеми инциденти со најава за нови масовни собири

-

Неколку илјади демонстранти што протестираа поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да аболира лица осомничени за криминал, по едночасовно скандирање „Оставка“ и „Кого браните“ во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, мирно го завршија денешниот протест.

Приодот кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, кај зградата Палома бјанка, беше блокиран од полициски кордон. Демонстрантите освен скандирањата пееја: „Целата фамилија, држава растурија, крвници, убијци, ајде в затвор Груевци“, „Излези Хорхе право на тераса, да ја видиш граѓанската маса, со кренати раце, високо горе, бараме оставки, секој ден на протест“.

Протестот почна во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство, од каде демонстрантите се упатија пред Собранието. Таму, тие ги повторија четирите барања: повлекување на одлуката за помилување политичари-криминалци, неотповиклива оставка на претседателот Иванов, формирање експертска влада и имплементирање на препораките од извештајот на Прибе за организирање фер и демократски избори.

Демонстрантите потоа се упатија кон Порта „Македонија“, каде фрлајќи со боја и јајца ја обоија фасадата. Кога демонстрантите сакаа да испишат графит со порака на портата, се појави лице кое физички нападна една демонстрантка.  Во тој момент ситуацијата стана тензична. Демонстрантите се пуштија кон напаѓачот, кој се обиде да побегне во ГТЦ. По кратката брканица, успеаја да го стигнат. Атмосферата стана уште потензична, но по краткото препирање, сепак надвладеа разумот. За време на инцидентот, немаше ниту еден полицаец во близина.

По инцидентот, демонстрантите се упатија пред Владата, каде повторно со извици и со свирежи ги изнесоа своите барања, а потоа продолжија кон седиштето на владејачката партија, каде и го завршија протестот, најавувајќи дека ќе продолжат да се собираат сè додека не се исполнат нивните барања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...