fbpx

Груевски: Одлуката на Иванов е патриотска, но не сакам да бидам во ист кош со Заев

-

Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва во вестите на телевизијата „Канал 5“ изјави дека одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција е патриотски чин, но рече дека сепак не сака да биде ставен во ист кош со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

­- Го следев внимателно неговиот говор, неговите тези и можам да кажам дека навистина мотивот е патриотски и токму затоа нашата реторика кон него е многу поумерена отколку реториката на СДСМ. Сепак, ние не можеме да се согласиме да бидеме ставени во исти кош, со еден класичен криминалец каков што е Заев – вели, меѓу другото, Груевски во интервјуто.

Тој ја поздрави одлуката на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, да ги распише изборите, како и одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) дека е прочистен избирачкиот список и создадени се услови за предвремените парламентарни избори да се одржат на 5 јуни.

Во врска со одлуката на претставниците на СДСМ во ДИК, како и на претседателот на комисијата, Александар Чичаковски, да ја напуштат седницата кога се гласаше за избирачкиот список, Груевски рече дека тоа веројатно е нечија замисла за по изборите да се има некоја причина за да се стави некоја дамка на целиот изборен процес.

– Тоа не е новина, тоа го правеше и порано СДСМ, нешто слично направи и Новаковски како претседател на ДИК во минатото – рече Груевски, додавајќи дека другите партиски членови на комисијата, како и независните едногласно гласале дека има услови за избори на 5 јуни.

Груевски рече дека изборите се закажани уште минатата година, но дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој ја дестабилизирал државата, како што се приближува датумот на изборите, сфаќа дека ја нема поддршката на народот и затоа бара ново одложување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...