Провокатори меѓу демонстрантите кај Порта „Македонија“, протестот продолжува пред Влада

-

Демонстрантите собрани пред Собранието, тргнаа кон Порта „Македонија“ каде што дел почнаа да фрлаат боја и јајца. Неколку граѓани се издвоија од толпата и почнаа со спреј да пишуваат на Портата.

Едно лице, кое според демонстрантите е провокатор, почна да ги удира тие што пишуваа, навлекувајќи го гневот на толпата на себе, но дел од редарите успеаја да го издвојат и да го тргнат настрана.

Граѓани, организирани од граѓанското движење „Протестирам“, протестот го почнаа пред Специјалното јавно обвинителство, продолжија кон Собрание, од каде што преку плоштадот се упатија кон Владата каде што во моментов протестираат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието го изгласа законот за заем од половина милијарда евра од Унгарија

Со 65 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем од половина милијарда евра од унгарската влада, по скратена постапка. „Против“ законот гласаа...