вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: протестирам | 177 резултати

„Шарената револуција“ и на поројниот дожд порача: СЈО е правда!

јули 6, 2016

Неколку стотини граѓани вечерва на протестот на „Шарената револуција“ се обидоа да стигнат до Уставниот суд, но полициски кордон ги запре на мостот Гоце Делчев. Демонстрантите, на поројниот дожд, кој врнеше за време на целиот протест, се обидоа да го пробијат кордонот, при што настана мала расправија со полицијата. Откако не успеаја да го минат […]

„Шарената револуција“ и „Го сакам ГТЦ“ денеска заедно на протест

јули 6, 2016

Граѓанските иницијативи „Шарена револуција“ и „Го сакам ГТЦ“ денеска, во 19 часот, пред Специјалното јавно обвинителство ќе излезат на заеднички протест. „Шарената револуција“ на денешниот протест ќе бара Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство. „Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и на тој начин да […]

Нов протест на „Шарената револуција“, в среда во 19 часот пред СЈО

јули 4, 2016

В среда, во 19 часот, пред Специјалното јавно обвинителство ќе се одржи протест на „Шарената револуција“, најави граѓанското движење на својата страница на „Фејсбук“. „Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и на тој начин да се овозможи да одговараат сите функционери што преземале криминални дејства. Ова го бараат граѓаните, заедниците и политичките […]

Активисти на „Шарена револуција“ приведени, па ослободени по вечерашниот протест

јуни 27, 2016

Полицијата ги ослободи активистите на „Шарена револуција“, Симона Спировска и Павле Богоевски, кои вечерва беа приведени по протестот. Спировска била уапсена во близина на Aмбасадата на Шпанија, додека Богоевски пред полициската станица Беко. Спировска, по излегувањето од станицата, соопшти дека заработиле прекршочна пријава поради неносење документи за лична идентификација, како и поради бојадисувањето на Министерството […]

Полицијата собира снимки и фотографии од протестот на „Шарената револуција“

јуни 22, 2016

Секторот за внатрешни работи Скопје собира видеоснимки и фото-материјали од оштетувањето на зградата на Министерството за правда и на споменикот „Прометеј“ за време на протестите на „Шарената револуција“ и на активистите и поддржувачите на граѓанската иницијатува „Протестирам“, што се одржаа во понеделникот оваа недела, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи. Во соопштението, во кое, меѓу […]

Активисти на „Шарената револуција“ од Штип на рапорт во полиција

јуни 22, 2016

Тројца учесници во „Шарената револуција“ од Штип се повикани на информативен разговор во полиција. Разговорите со демонстрантите траеле по два часа. Последен бил повикан неформалниот лидер на демонстрантите, Горан Трајков, кој  изјави дека ќе се појави во полициската станица во Штип во посочениот термин за да види за кои објекти го товарат дека ги оштетил. Од […]

„Шарената револуција“ ги повика пратениците да ја бојкотираат работата на Собранието

јуни 22, 2016

„Шарената револуција“ денеска преку својата страница на „Фејсбук“ ги повика пратениците да не учествуваат во работата на Собранието додека не се исполнат нивните барања. „Пратеници, за да покажете дека стоите во одбрана на правдата, суверенитетот на граѓаните и на Уставот, од вас бараме да не учествувате во работата на Собранието сè додека Уставниот суд не се […]

СДСМ: Трајановски и Груевски ги боли тоа што цел град е на нозе

јуни 21, 2016

Коце Трајановски, извршителот на Никола Груевски во Скопје, не може да се помири со фактот дека цел град е кренат на нозе, реагираат од опозицискиот СДСМ на денешната изјава на градоначалникот на Скопје. „Скандалозната изјава на Коце Трајановски само го покажува стравот на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски од граѓаните. Десет години Градот Скопје целосно […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ само креира хаос и ја нарушува безбедноста на граѓаните

јуни 21, 2016

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува вчерашното „палење, демолирање, кршење и вандализам на хулигани од СДСМ и Сорос“, рече Илија Димовски денеска на прес-конференција. Димовски вели дека со вчерашните настани само се креира хаос и се нарушува безбедноста и спокојството на граѓаните, а се предизвикува и огромна материјална штета врз државните институции. – Вчера СДСМ демонстрираше анархија […]

Трајановски бара „Шарената револуција“ да престане со тероризирање на Скопје

јуни 21, 2016

Коце Трајановски, градоначалникот на Скопје, денеска побара од „Шарената револуција“ да престане со уништување на главниот град. Тој вели дека по синоќешните инциденти во кои беше оштетена зградата на Министерството за правда, а истовремено имаше и обид за уривање споменик во паркот Жена-борец, треба да се престане со тероризирањето на главниот град. „Барам да престанат […]

Време е владата да си поднесе оставка, порачаа демонстрантите

јуни 20, 2016

До мал судир помеѓу припадниците на ЕБР и демонстрантите дојде на вечерашниот протест откако припадниците на „Шарената револуција“ се обидоа да го урнат споменикот на Прометеј, кој е дел од проектот „Скопје 2014“ и се наоѓа во паркот Жена-борец. Демонстрантите ја тргнаа заштитата на Прометеј и тргнаа дел од скелето и штиците што беа околу споменикот. […]

Полицијата ги спречи демонстрантите да го урнат споменикот на Прометеј

јуни 20, 2016

Додека демонстрантите се обидуваа да го урнат споменикот на Прометеј, голема група припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) ги спречија активистите да му пријдат на споменикот, кој е дел од проектот „Скопје 2014“. Полицијата се обидува да ги спрече демонстрантите да го бутнат споменикот на Прометеј #протестирам pic.twitter.com/hLNQZUBIFU — META.mk (@meta_agency) June 20, 2016 […]

„Шарена револуција“: Камења и шишиња врз Министерството за правда

јуни 20, 2016

Неколку камења и пластични шишиња завршија во прозорците на Министерството за правда на денешниот протест на „Шарената револуција“. Претходно демонстрантите го обоија Министреството со боја со помош на пумпи и буриња. Полицијата, иако во зголемен број присутна пред Министерството, не реагираше на активностите на демонстрантите. Демонстрантите фрлаат камења и шишиња кон Министерството за правда #протестирам pic.twitter.com/xXRs4aJR7y […]

Новинарот Кежаровски на информативен разговор поради боење на Собранието

јуни 20, 2016

Новинарот Томислав Кежаровски денеска бил повикан на информативен разговор во полициската станица Центар. Како што пишува Кежаровски на својот профил на „Фејсбук“, поканата е поради вмешаност во боењето на Собранието на 28 мај. „ПС Центар издале телеграма по мене за информативен разговор. Ќе одам денеска во 18.30 часот во полициската станица. Ме викаат заради вмешаност […]

Полицијата го ослободи приведениот активист Павле Богоевски

јуни 19, 2016

Со транспарентот што се обиде да го постави на Камениот мост и поради кој беше приведен, активистот Павле Богоевски во придружба на Уранија Пировска излезе од полициската станица Пролет. Насобраните граѓани со овации го пречекаа Богоевски и заедно го поставија платното на оградата на полициската станица, а на него пишува „Година по година, криминално здружение! Партијата да се […]

„Шарената револуција“ пред ПС „Пролет“ бара ослободување на активистот Богоевски

јуни 19, 2016

Неколку десетици граѓани се собраа вечерва пред полициската станица „Пролет“ во знак на револт поради приведувањето на активистот на „Шарената револуција“ Павле Богоевски. Пред станицата граѓаните извикуваат „слобода “, „ВМРО полициска“, „лопови“ и „држава полициска“. Сведоци на настанот велат дека полицијата не соопштила зошто го приведува Богоевски, – Наводно е приведен за попречување на полициско […]

Ултимативниот рок на „Шарена револуција“ истече – утре голем протест

јуни 19, 2016

Истече рокот за ултиматумот што го поставија граѓанските здруженија и „Шарената револуција“, а иницијативата за Специјалното јавно обвинителство не се најде на дневниот ред за следната седница на Уставниот суд, закажана за среда. Граѓаните и „Шарената револуција“ завчера со герила-акција го испишаа последниот број од одбројувањето и најавија голем протест за понеделник, 20 јуни. Дотогаш не се […]

„Шарената револуција“ најави нова герила-акција за вечерва

јуни 17, 2016

Активистот на „Шарената револуција“, Павле Богоевски, денеска преку својот личен профил на „Фејсбук“ ги повика граѓаните денеска во 21 часот да се соберат пред Специјалното јавно обвинителство за да ја спроведат денешната герила-акција. „Ги повикуваме сите соборци и соборки денеска, во 21 часот, пред СЈО. Денеска е 1. Уште еден ден до 18 јуни, до денот […]

„Шарената револуција“ порача: Сакаме еднаквост, правда и ново сонце на слободата

јуни 15, 2016

„Нема да престанеме сè додека оваа власт не падне. Не сакаме силни влади, туку силни институции, судови кои праведно ќе судат, студенти кои ќе добијат добро образование и ќе се вработуваат без да биде важно дали некој е за ВМРО, СДСМ или за некој трет“, рече поранешниот аммбасадор на Македонија во САД и Холандија, Никола […]

Герила-акција на натпреварот Македонија – Чешка

јуни 15, 2016

„Шарената револуција“ вечерва изведе нова герила-акција на ракометниот натпревар на репрезентациите на Македонија и на Чешка. Демонстрантите, за време на натпреварот во салата „Борис Трајковски“, извадија транспарент на кој беше испишана пораката „Шутка не ти гине Никола“. Вечерва се одигрува реванш-мечот од квалификациите за Светското првенство во ракомет, кое треба да се одржи следната година во […]

Страна 1 од 9