Масовен протест низ скопските улици, инспириран од криминалот за „Скопје 2014“

-

Денешниот масовен протест, според демонстрантите, но и според пораките и маршрутата на движење на, е посветен на „криминалот од проектот ’Скопје 2014’“.

Насобраните граѓани пред Собранието ги повторија своите барања и потсетија зошто протестираат, додавајќи дека нема да престанат сè додека не се исполнат нивните барања.

Покрај добро познатите барања за оставка на претседателот Иванов, повлекување на одлуката за аболиција на 56 политичари и формирање техничка влада што ќе ги спроведе препораките на Прибе за фер и демократски избори, демонстрантите побараа и формирање на специјален суд за процесирање на обвиненијата на СЈО.

Активистите и граѓаните порачаа дека во овие услови, преговори не доаѓаат предвид, а доколку се случат, во нив мора да учествуваат и претставници на граѓанскиот сектор.

– Не се жали Николај што ти ги чкртнале стиропорите, сега имаат поголема уметничка вредност. Кога ќе победиме за некој месец, година, ќе го излупиме „Скопје 2014“ и ќе ви го дадеме стиропорот во „Идризово“ за да не ви биде здодевно – рекоа активистите пред Собранието и побараа аплауз за полицајците, за кои рекоа дека секој ден ги носат од јужната граница.

Од Собранието, граѓаните се упатија низ Порта „Македонија“, која повторно ја гаѓаа со јајца и со боја, а потоа се собраа на плоштадот Македонија, околу фонтаната во која истурија неколку кутии прашок за перење за симболично да порачаат дека ништо не го пере криминалот од проектот „Скопје 2014“.

Демонстрантите се упатија кон Министерството за култура за да го искажат својот револт од проектот „Скопје 2014“, а потоа ќе се упатат пред Владата на Република Македонија.

Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава...