Група битолчани, кои и вечерва протестираат барајќи оставка од градоначлникот Владимир Талески, се упатија кон еден од неговите станови во Битола.
Граѓаните под полициско обезбедување маршираат низ улицата Партизанска за да стигнат до зградата на улицата Бонде Скерлевски, спроти Клиничката болница, каде што живее Талески со семејството.
Протестите на битолчани од денеска стануваат „герила-акција“ и, како што велат граѓаните, веќе нема да се најавуваат токму заради тоа што не сакаат да се судрат со полицијата ниту, пак, со тие што протестираат контра нив.