fbpx

Кривичниот суд ја запре постапката за случајот „Поткуп“

-

Кривичниот суд во Скопје донел одлука со која ја запрел постапката за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потврди судот. Судијката Даниела Груевска-Илиевска, која го водеше предметот, одлуката ја донела по добивањето на одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за помилување на Заев.

– По добивањето на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов, судијата донесе одлука за запирање на постапката, односно судскиот процес, и за тоа ги извести странките – ни изјавија од Основниот суд Скопје 1.

Филип Медарски, кој е дел од адвокатскиот тим на Заев, за „24 Вести“ потврдил дека го добиле решението на судот за запирање на постапката.

Тој најавил дека денеска ќе поднесат жалба до Апелацискиот суд против оваа одлука, бидејќи таа била спротивна на Уставот и на законите.

Рочиштето за случајот „Поткуп“ се одложуваше двапати. Последеното се одржа на 3 март оваа година и беше одложено поради отсуство на адвокатите на Заев. Судкиот процес требаше да продолжи на 21 април.

Лидерот на СДСМ беше обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од околу 200.000 евра од струмички бизнисмен за легализација на земјиште.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...