fbpx

Тензично кај ЕУ-Инфоцентар, демонстрантите се судрија со полицијата

-

Демонстрантите и полицијата се судрија на булеварот Свети Климент Охридски, пред зградата на Театар „Комедија“.

До инцидентот дојде откако лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, кажа дека полицијата нема право да ги сопира граѓаните да го изразат својот револт бидејќи протестот е мирен и меѓу демонстрантите нема насилници. Тој апелираше старешината да ги повлече полицајците за демонстрантите да продолжат да се движат.

Ангелов во еден момент ги повика демонстрантите да му се приклучат и да ѝ се спротивстават на полицијата. Демонстрантите тргнаа кон полицајците и настана мал судир, при што полицајците успеаја да ги одвратат граѓаните назад.

Атмосферата е тензична, а граѓаните извикуваат „Пуштете го народот“, „Долу диктатура“, „Слобода“.

Протестот почна во 18 часот, пред зградата на Специјалното јавно обвинителство, од каде маршот продолжи кон Собранието на Република Македонија. Движејќи се кон Собранието, демонстрантите застанаа пред Министерството за правда, каде фрлаа тврди објекти и кесички со боја.

По изразениот револт пред Собранието, демонстрантите се упатија пред зградата на Владата, а оттаму кон ЕУ-Инфоцентарот, каде и се случи малиот инцидент.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...