четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: судир | 78 резултати

Шестмина загинати во Грција во судир предизвикан од возило со нелегални мигранти

15 април 2023

Шест лица ги загубија животите а шест се повредени во страотна сообраќајна несреќа во североисточна Грција, близу градот Александруполи, јави грчката државна телевизија ЕРТ. Директниот судир на автопатот „Егнатиа“ се случил поради автомобил ауди А4, што превезувал илегални мигранти и во кој имало вкупно 10 луѓе. Тој влетал во спротивната лента на излезот од автопатот […]

Низа обвинувања по соборувањето на американски дрон од Русија над Црно Море

15 март 2023

Американските власти ја обвинија Русија дека мора да го почитува меѓународниот воздушен простор откако дрон на војската на САД се урна во Црното Море кој претходно бил намерно оштетен од руски воени авиони, пишува Би-би-си. Според тврдењата на американската војска, пред дронот летал авион „Сухој-27“ и намерно исфрлил гориво, по што се судрил со дронот […]

Бројката на загинати во судирот на возовите во Грција се искачи на 43

2 март 2023

До утрово, бројката на жртви во тешката железничка несреќа во Грција, која се случи завчера пред полноќ, кога во долината Темби директно се судрија патнички и товарен воз што по грешка биле насочени на ист колосек, се искачи на 43, од кои 11 се идентификувани, јави грчкиот весник „Катимерини“. И утрово продолжи расчистувањето на огромното […]

При судирот на двата воза во Грција не функционирал контролниот систем, човечка грешка довела до трагедијата?

1 март 2023

Не функционирале основните безбедносни мерки што би спречиле железничка несреќа, објаснува за грчкиот весник „Катимерини“, Василис Завојанис, член на одборот директори на железничката компанија „ТРАИНОСЕ“, по страотниот судир на два воза пред полноќ во долината Темби во Грција, во близина на туристичкото место Неи Пори, популарна дестинација за летен туризам за македонските и српските граѓани. […]

Загинаа најмалку 36 лица во Грција во директен судир на два воза близу Лариса

1 март 2023

Патнички воз во кој имало многу студенти што се враќале дома од празнувања вчера пред полноќ се судрил со товарен воз во близина во долината Темби кај градот Лариса во Грција, при што најмалку 36 луѓе загинале а 85 се повредени, јави агенцијата Асошиејтед Прес (АП). Долината Темби е на неколку десетици километри југозападно од […]

Леталото „Дарт“ на НАСА успешно го смени движењето на астероид

12 октомври 2022

Американската вселенска агенција НАСА објави дека нивното летало „Дарт“ успеало во обидот да ја промени траекторијата на движење на астероид, пишува Би-би-си. Од НАСА потврдија дека движењето на карпата Диморфос, со ширина од 160 метри, била изменета откако леталото „Дарт“ намерно удрило во неа минатиот месец. Вселенската мисија на НАСА е замислена како тест за […]

Повредени 20 работници во сообраќајка кај Мамутчево

23 јули 2018

Дваесет работници се повредени во сообраќајката што се случи попладнево околу 13:20 часот на излезот од велешкото село Мамутчево. Се судриле камион и автобус кој превезувал работници од Велес. Како што информира за МИА Весна Лазаровска од ЈЗО Општа болница Велес со возила на итна медицинска помош од Велес во болницата итно биле донесени 20 […]

Еден загинат, над 20 лица повредени во железничка несреќа во Австрија

12 февруари 2018

Во железничка несреќа што се случи во австриската провинција Стирија загина најмалку еден човек, а над 20 се повредени, објавија светските медими. Еден воз, од засега непознати причини, излетал од шините и странично удрил во друга локомотива, во 1 часот по локално време кај јужниот австриски град Никласдорф. Австриската полиција на „Твитер“ потврди дека една […]

Едно лице загина откако воз со членови на Конгресот на САД удри во камион

31 јануари 2018

Патнички воз во кој се наоѓале членови на Конгресот на САД од редовите на републиканците, кои патувале од Вашингтон кон Западна Вирџинија, удрил во камион за превоз на отпад во Кросет, Вирџинија, јавуваат светските агенции. Во несреќата загинало едно лице, кое не било во возот. Инцидентот го потврди и Белата куќа. „Претседателот Доналд Трамп е […]

Четворица загинати во судир во воздух на хеликоптер и авион во Германија

23 јануари 2018

Во страотна воздухопловна несреќа што се случи во Германија, кога во градот Филипсбург се судриле хеликоптер за итна помош и мал авион, четири лица ги загубиле животите. Несреќата се случила денеска во регионот Карлсруе во покраината Баден-Виртемберг, во близина на нуклеарна централа, а причините за судирот во воздух засега се непознати.

Полицијата спречила тепачка на Грци со Македонци на протест во Мелбурн

21 јануари 2018

За време на протестите на грчката заедница во Мелбурн дошло до вербална и физичка пресметка меѓу група демонстранти и Македонци кои од страна ги набљудувале протестите. Главна порака на демонстрациите на Грците во Мелбурн била „Македонија е грчка”. На протестот со транспаренти и грчки знамиња, се извикувало „Македонија е грчка“, „Скопјани“, а учествувале над 2.000 […]

Верижен судир на автомобили, камион и автобус кај клучката Хиподром

2 јануари 2018

Во сообраќајна несреќа што утрово се случила пред клучката Хиподром во правец кон Велес, според првичните информации на полицијата, има повредено едно женско лице кое е пренесено на Ургентниот центар во Скопје. Од МВР велат дека сообраќајката се случила помеѓу четири автомобили, од кои два со скопски регистерски таблички, еден со велешки и еден со прилепски […]

Млад демиркапиец загина во сообраќајка во Демиркаписка Клисура

9 декември 2017

Во директен судир што се случил ноќеска на автопатот Скопје – Гевгелија, во Демиркаписка Клисура животот го загубил 24-годишен жител на Демир Капија. Како што соопшти полицијата, во 3.50 часот денеска се судриле автомобил „сеат леаон“ со неготински регистерски таблички, управуван од С.Ј.(24) од Демир Капија, и автомобил „мерцедес“ со скопски таблички, управувано од Ѓ.Ч. […]

Судир на два товарни брода во Кина – се трага по 12 лица

27 ноември 2017

Најмалку 12 лица исчезнаа по судир на два товарни брода на југот на Кина, јави Кинеската глобална телевизиска мрежа (КГТМ). Како што се наведува, инцидентот се случил во близина на брегот на провинцијата Гуандонг, која се наоѓа на југот на Кина. Спасувачките екипи успеале да пронајдат 13 лица, а по 12 сè уште се трага. Истрагата […]

Два автомобили зафатени од пожар откако се судриле на булеварот Словенија во Скопје

23 ноември 2017

Пожар попладневно избувнал при судир на два автомобили, „бе-ем-ве“ и „хјундаи“, што се случил на булеварот Словенија во Скопје. Сообраќајката и пожарот се случиле околу 14 часот, а во интервенцијата за гасење на огнот, која траела околу еден час, учестувале четворица пожарникари. Од скопската Противпожарна бригада настанатата штета ја проценуваат на околу 2.000 евра.

Еден загинат, петмина повредени во судир на патот Кратово – Пробиштип

23 ноември 2017

Едно лице починало од повредите што ги добило во тешката сообраќајка што се случила претпладнево на регионалниот пат меѓу Кратово и Пробиштип, велат за „Мета“ од МВР. Кај местото Жгури дошло до судир на автомобил „рено меган“ со скопски таблички и „фолксваген“ со штипски ознаки. По несреќата пет лица биле префрлени во Клиничката болница во Штип, […]

Тројца падобранци загинаа откако се судриле во воздух

13 октомври 2017

Тројца падобранци загинаа во Квинсленд откако се судрија во воздух, соопшти австралиската полиција. Итната полош и полиција веднаш биле повикани во местото Бич, јужно од Квинс, каде се случила несреќата. Како што пренесува „Би-би-си“, загинале двајца мажи на возраст од околу 30 години, како и една 50-годишна жена. Падобранците починале веднаш, соопшти полицијата во Квинсленд. […]

EДС на Анѓушев бара спогодбено раскинување на договорот со МЕПСО

5 октомври 2017

Компанијата „Енерџи деливери солушн“ (ЕДС) побара спогодбено раскинување на договорот со МЕПСО за испорака на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносниот систем на Македонија потпишан во декември 2016 година. Во барањето доставено од компанијата до МЕПСО, стои дека причина за барањето е избегнување на секаков можен сомнеж за судир на интерес по назначувањето на […]

Во судир на возови во Полска 28 лица се повредени

31 август 2017

Во судир на патнички и на товарен воз на северот на Полска, повредени се 28 лица, соопшти денеска Железницата во Полска. Патничкиот воз налетал на товарна композиција во градот Сметово Граничне. Од 11 вагони на патничкиот воз, седум излетале од колосекот. Никој од повредените не е во животна опасност.

Полицијата во Рим се судри со мигрантите

24 август 2017

Италијанската полиција се судри со мигрантите кои „окупираа“ помал плоштад во Рим, протестирајќи против наредбата да ја напуштат зградата во која се населиле. Полицијата, со опрема за разбивање демонстранти, употребила водени топови против мигрантите. Две лица се уапсени, соопшти полицијата, истакнувајќи дека бегалците имале плински боци и дека некои од нив и ги отвориле. Се […]

Страна 1 од 4