fbpx

Демонстрантите го „бојадисаа“ Министерството за правда и им лепат срциња на полицајците

-

Демонстрантите на денешниот граѓански протест, кој во 18 часот почна пред СЈО, фрлаа тврди предмети и ќесиња полни со боја на зградата на Министерството за правда и извикуваа „Оставка“ и „Нема правда, нема мир“.

Еден од демонстрантите остави ливчиња пред секој од полицајците што ја чуваат зградата на Министерството за правда, на кое се испишани 10 прашања за секој полицаец, меѓу кои: „Дали в џеб имате значка или книшка“, „Од кога ви немаат купено нови кондури“, „Зошто не сте дел од народот“ и „Кого штитите?“.

Исто така, демонстрантите им залепија самолепливи срценца на штитовите на полицајците.

Демонстрантите во моментов протестираат пред Собранието, каде што свират со свирчиња и тропаат на инструменти. Тие носат транспаренти на кои пишува „Крвта под нозете на Аце  ја исчистивте. Ќе можете ли таа од вашите раце“ и „Опасно е да си во право кога државата греши“.

Демонстрантите, откако го изразија својот револт пред Собранието на Република Македонија, тргнаа кон Владата. Минувајќи под Порта „Македонија“ и движејќи се по плоштадот, извикуваа „Готово е Никола“, и пееја песни со следните стихови: „Затвор не ти гине Никола“, „Никола, Никола, нешто грозно ти се случува, што е тоа знае фикусот, фикусот те помилува“.

Пред зградата на Владата и пред мостот Гоце Делчев, забележливо е вообичаено присуство на единицата за брзо распоредување.

Демонстрантите од пред Влада се упатија кон ЕУ-Инфоцентарот, но на булеварот Свети Климент Охридски, кај зградата на Театар „Комедија“, се пресретнати од полицијата, која формираше кордон, зад кој има и две оклопни возила. Тие не им дозволуваат на демонстрантите да се упатат кон крајната дестинација.

Атмосферата засега е мирна, без поголеми инциденти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...