Палевски сосема ладнокрвен во затворот во Шутка, не зборува ниту со чуварите

Палевски, меѓу личните работи од турскиот затвор каде што беше 5 месеци, си донел и плазма-телевизор, но во ќелијата во истражниот затвор во Шутка поради безбедносни причини нема приклучок за струја

-

Љупчо Палевски Палчо, осомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, по вчерашната екстрадиција од Турција во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка се однесувал ладнокрвно и не комуницирал со затворските службеници.

Од истражниот затвор велат дека тој буквално се однесувал како ништо да не се случило. Нему му биле донесени листови и пенкало, за да може да прати барања до надлежните институции и барање за да ангажира адвокат. Тој е сам во ќелија и нема контакт со останатите притвореници.

Освен лични работи кои тој ги донел од Турција, каде што помина 5 месеци во притвор, Палевски (кој вчера во 19.30 часот беше донесен со комерцијален лет на „Туркиш ерлајнс“) си донел и плазма телевизор.

„Плазма телевизорот што е донесен од Турција нема каде да се приклучи, бидејќи во ќелијата поради безбедносни причини нема приклучок за струја“, велат од истражниот затвор за Мета.мк.

Од Јавното обвинителство велат дека по екстрадицијата на Палевски, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје продолжува да презема истражни дејствија во предметот за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

„За петмина осомничени, од кои тројца соизвршители во тешките кривични дела – две грабнувања и две убиства на свиреп начин, еден осомничен за помагање при грабнувањето на малолетно лице и еден осомничен за помагање по извршеното кривично дело, истрагата е во завршна фаза“, велат од обвинителството.

Оттаму додаваат дека за Палевски јавниот обвинител презема истражни дејствија на прибавување и анализа на докази кои во оваа фаза на постапката не можат да бидат споделени со јавноста.

За двојното убиство, во истражниот затвор во Шутка се и Влатко Кешишов, Велибор Маневски и Боре Видевски кои се осомничени за грабнување според член 141 од Кривичниот законик, и за две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие). Тројцата, заедно со Љупчо Палевски, се дел од политичката партија Десна.

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, се сомничи дека им помогнал при извршување на кривичното дело – грабнување на малолетно лице. Тој сега е во домашен притвор, откако Врховниот суд ја уважи неговата жалба. Адвокатот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ децидно тврди дека тој нема никаква поврзаност со грабнувањето и убиството на неговата ќерка и дека воопшто не ги познава осомничените.

На Стефан Димковски, пријателот кој го превезуваше Палевски низ Бугарија до Турција, во март годинава му беше укинат притворот и за него се изречени мерки на претпазливост – забрана за напуштање живеалиште, одземање патна исправа, обврска за јавување во суд и одземање, односно забрана за користење возачка дозвола.

Палевски се очекува да биде викнат на распит во Јавното обвинителство, а од неговото сведочење во голема мера ќе зависи и колку ќе бидат разјаснети околностите и мотивите за двете монструозни убиства кои се случија на 22 ноември и 27 ноември минатата година.

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

 

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен маж од...

МЦМС: Mнозинството граѓани сметаат дека безбедноста во земјава е загрозена

Мнозинство од граѓаните (59,8%) сметаат дека безбедноста во земјава е многу или главно загрозена. Меѓу нив, побројни се жените. Загриженоста опаѓа со зголемувањето на степенот на образование од 67% кај оние...

Со закана со нож 34 годишник силувал дете во Тетово, Обвинителството поведе истрага

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 34 годишник, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години, казниво...

Меѓуресорска група ќе ги брани училиштата од сајбер напади

Претставници на Министерството за образование и наука, на Министерството за внатрешни работи, институции за јавна безбедност, претставници на Министерството за дигитална трансформација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, заеднички...

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен...