fbpx

Што ќе донесе Виена: Бетонирање на 5 јуни или ново одложување?

-

По одлуката за општа аболиција на политичарите што ја донесе претседателот Ѓорге Иванов, што предизвика масовни протести, меѓународната заедница презема решителен чекор за смирување на состојбата. Последните информации се дека в петок во Виена е планирана средба на лидерите на четирите најголеми партии од Македонија.

Најавата за средба доаѓа по речиси забетонираните ставови на двете најголеми македонски политички партии. СДСМ тврди дека нема да излезе на избори затоа што не се исполнети условите тие да бидат фер и демократски, додека ВМРО-ДПМНЕ се категорични дека граѓаните на 5 јуни мора да одлучат кој ќе ги води во иднина.

Дали најавите за средба и нејзиното одржување би биле притисок врз опозицијата да учествува во изборите, со што би се забетонирал 5 јуни како датум на кој конечно би се одржале избори или, пак, станува збор за нешто друго? Во игра може да влезе одложување на избори, повлекување на одлуката за аболиција, враќање на состојбатата како пред Договорот од Пржино, со можност за нов „виенски договор“… Сè на сè, сите карти се отворени, а со тоа и сите можности.

Од партиите засега се молчаливи во одговорот дали ќе ја прифатат поканата и дали ќе  присуствуваат на средбата, без разлика каде и да се одржи.

Како што пишуваат медиумите, поканата до партиите формално ја упатуваат тројцата европратеници вклучени во постигнувањето и во спроведувањето на Договорот од Пржино, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит.

Според сè уште непотврдени информации, во Виена е предвидено и присуство на еврокомесарот Јоханес Хан и на амбасадорите на ЕУ и на САД во Македонија, Аиво Орав и Џес Бејли.

– Не можеме да го потврдиме состанокот, но секако комесарот Хан е во постојан контакт со политичките лидери во земјата, европратениците и со Делегацијата на ЕУ и со клучните партнери, како што се САД, за да разговараме за начини за решавање на кризата и да осигураме дека лидерите ќе продолжат да го имплементираат Договорот од Пржино и приоритетните реформи – вели Маја Коцијанчич, портпаролката на Јоханес Хан.

Сепак, портпаролката на Хан не ја исклучува можноста за средба.

– Кога и каде точно ќе се одржи средбата засега не е потврдено. Комесарот Хан е подготвен итно да се сретне со лидерите. Тие мора да покажат подготвеност да ја вратат земјата на евроатланскиот пат – рече Коцијанчич.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...