fbpx

Брисел потврдува: Лидерска средба ќе има, но не се знае кога и каде

-

Европската комисија засега не потврдува дали политичките лидери в петок во Виена ќе имаат средба со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит и со еврокомесарот за проширување, Јонаес Хан.

– Не можеме да го потврдиме состанокот, но секако комесарот Хан е во постојан контакт со политичките лидери во земјата, европратениците и со Делегацијата на ЕУ и со клучните партнери, како што се САД, за да разговараме за начини за решавање на кризата и да осигураме дека лидерите ќе продолжат да го имплементираат Договорот од Пржино и приоритетните реформи – вели Коцијанчич.

Сепак, портпаролката на Хан не ја исклучува можноста за средба.

– Кога и каде точно ќе се одржи средбата засега не е потврдено. Комесарот Хан е подготвен итно да се сретне со лидерите. Тие мора да покажат подготвеност да ја вратат земјата на евроатланскиот пат – рече Коцијанчич.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...