fbpx

Мирно завршија протестите кај Владата и кај СДСМ

-

Мирно заврши протестот пред Владата каде што протестираа демонстранти организирани од граѓанските организации. Заедно со граѓаните, се повлекоа и припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР).

Протестот помина без поголеми инциденти.

Граѓаните протестот го почнаа пред Специјалното јавно обвинителство, од каде што се упатија кон Собранието, но од полицијата беа спречени да стигнат таму.

Од Порта „Македонија“ демонстрантите потоа се упатија до Камениот мост каде што повторно беа спречени да продолжат кон Владата, но по извесно време полицијата попушти.

Граѓаните, организирани од невладините организации бараат претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да ја промени одлуката за помилување на политичарите против кои се водат предистражни или истражни постапки.

Протестот на ГДОМ, пак, во близина на седиштето на СДСМ, заврши околу 20 часот, кога организаторите ги повикаа насобраните граѓани мирно да си заминат.

На граѓаните им се обратија актерите Тони Михајловски, Петар Темелковски и кајакарот Атанас Николовски.

Тие протестираа против аболицијата на Зоран Заев и на Зоран Верушевски.

Како и претходните два дена, така и денеска голем дел од учесниците на протестот на ГДОМ со организиран автобуски превоз беа дојдени од градовите од внатрешноста на земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...