fbpx

Пратениците ги изгласаа новите министри и заменици од ДУИ

Пратениците во Собранието ги изгласаа новите министри и заменици министри од Демократската унија за интеграција (ДУИ). За новите 11 функционери не гласаа пратениците од СДСМ, а пратеничката Роза Топузовска-Каревска гласаше воздржано. Новите функционери на ДУИ ги претстави пратеничката Ермира Мехмети, која рече дека е горда...

Димитриев ги повика пратениците да ги изгласаат новите министри и заменици од ДУИ

Техничкиот премиер за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска пред расправата за новите министри и заменици на ДУИ, ги повика пратениците да гласаат за новите функционери. Тој рече дека новите кандидати само ги пополнуваат испразнетите места на министрите што си дадоа оставка. Димитриев побара од пратениците да...

Напладне во Собрание ќе се гласаат новите министри на ДУИ

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, за денеска напладне закажа седница на која пратениците ќе треба да ги изгласаат новите министри што ги предложи Демократската унија за интеграција (ДУИ). Фестим Халили е предложен за заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, Арбер Адеми за заменик претседател...

Апелација ја отфрли жалбата на СЈО, Грујовски официјално во куќен притвор

Апелацискиот суд Скопје денеска донел одлука со која ја отфрлил жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за куќниот притвор на началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски, првоосомничен во случајот „Тврдина“. Со ваквата одлука на Апелацискиот суд, Горан Грујовски и официјално наместо притвор ќе...

Собранието ќе гласа за новите министри на ДУИ

Собранието на Македонија денеска на пленарна седница треба да ги констатира оставките на министрите и на замениците министри од ДУИ и да ги избере новите министри што синоќа ги предложија лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, и претседателството на партијата. Кандитатите за...

Димитриев: Во тек се консултации за нови министри од ДУИ

Во тек се консултации за избор на нови министри од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), а засега нема најави од ВМРО-ДПМНЕ за промени на министерскиот состав од оваа партија, соопштиле од кабинетот на техничкиот премиер Емил Димитриев за „Телма“. „Премиерот Емил Димитриев ги...

Иванов за „То Вима“: Бегалската криза е можност да ги надминеме недоразбирањата

Затворањето на Балканската рута и е од корист на Грција, тврди македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов во интервју за грчкиот весник „То Вима“. Во интервјуто Иванов упатува остри критики до Грција дека слабо одговара на македонските предлози за подобрување на соработката и комуникацијата меѓу двете...

Груевски: ДУИ не ја напушти Владата, само ќе изврши замена на министрите

Демократската унија за интеграција (ДУИ) не ја напушти Владата туку ќе изврши замена на своите кадри, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, додавајќи дека тоа е право на секоја партија која партиципира во извршната власт. Тој рече дека немале средба со лидерот на ДУИ...

СЈО денеска ќе поднесе жалба за куќниот притвор на Горан Грујовски

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска ќе поднесе жалба до Апелацискиот суд против вчерашната одлука на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, со која мерката притвор на началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, првоосомничен во случајот „Тврдина“ е заменета со куќен притвор,...

Протекувањето на снимките ја избркале ДУИ од Владата

Демократската унија за интеграција издаде подолго соопштение во кое ја дообјаснува синоќешната одлука за напуштање на Владата. Во соопштението акцентот е ставен на снимките од разговори на високи функционери на партијата кои протекоа во јавноста и на одговорноста за нивната дистрибуција. „Од почетокот на политичката криза...

Министрите од ДУИ ги доставија оставките до премиерот Емил Димитриев

Министрите од ДУИ денеска ги доставуваат оставките до премиерот задолжен за организирање на избори, Емил Димитриев. Од партијата на Али Ахмети денеска не сакаат дополнително да коментираат и се повикуваат на синоќешното соопштение. Претседателството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) вчера вечер во партиското седиште во Тетово...

Хан: ДИК има доволно време да го подготви избирачкиот список

Несомнено треба да има избори во Македонија, а Државната изборна комисија треба да го подготви избирачкиот список, за што сега би требало да има доволно време, изјави денеска еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан во Драч, Албанија каде учествува на министерската конференција...

НБМ: И визата се важи како основа за отворање сметка во странство

На 25 февруари Народна банка донесе одлука за олеснување на начинот и условите под кои македонските граѓани можат да отвораат и да имаат сметки во странство. Економските аналитичари сметаат дека оваа одлуката на Народна банка фрла голем сомнеж, заради политичките околности во кои е донесена. Тие...

Изборите го одложија есктерното и ги поместија спортските турнири

Екстерното тестирање на учениците годинава се поместува за неколку дена подоцна, но тоа не е поради изборите, неофицијално велат за „Мета“ од министерството за образование, по реакцијата на наставниците и родителите дека тоа значи и продолжување на учебната година. - Тоа не значи дека се...

Амбасадата на САД твитна, ДУИ се предомисли и нема да гласа за измените на ЗКП

Демократската унија за интергарција (ДУИ) нема да гласа за измените на Законот за кривична постапка (ЗКП) ако не биде постигнат политички конзенсуз меѓу најголемите политички партии. Ова го најави потретседателот на Собранието Рафиз Алити со што се намалуваат шансите овие измени да се изгласаат...

Судот му одреди 30 дена притвор на Горан Грујовски, првоосомничениот во „Тврдина“

Кривичниот суд го прифати барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и му одреди мерка притвор од 30 дена на првоосомничениот во случајот „Тврдина“, началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски, официјално потврди Основниот суд Скопје 1. „Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје...

Пресување, балирање, дробење: Како се уништувала опремата за прислушување во МВР

Незаконско формирање на комисија за попис, уништување на траги, конспиративно носење и уништување на опрема на отпади за старо железо, прикривања, фалсификување на документација, антидатирање на материјали во архивата на Министерството за внатрешни работи (МВР) се дел од работите што осомничените во случајот „Тврдина“...

СЈО отвори истрага „Тврдина“ за уништувањето на системот за незаконско прислушување во МВР

Специјалното јавно обвинителство денеска ја презентираше новата истрага со кодно име „Тврдина“. Како што изјави обвинителката Ленче Ристовска, во оваа истрага се вклучени петмина службени лица, началници во МВР, кои ја злоупотребиле својата службена положба со што во првата половина во 2015 година ги уништиле...

СЈО трага по началник на УБК

Специјалното јавно обвинителство трага по началникот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујоски, а се подготвуваат и обвиненија за шест лица кои се сомничат за кривично дело неовластено прислушување и тонско снимање. СЈО вчера побарало судски налог за претрес на домот на Грујоски, но судијата...

Весниците на „МПМ“ објавија текстови за СЈО потпишани од редакциите, а не од новинарите

Насловните текстови на трите весници на „МПМ“, „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“ кои се однесуваат на прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство денеска се објавени без да се наведат авторите на написите. Авторите се изоставени и во печатеното и во електронското издание, а текстовите се потпишани со...

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...