Димитриев: Во тек се консултации за нови министри од ДУИ

-

Во тек се консултации за избор на нови министри од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), а засега нема најави од ВМРО-ДПМНЕ за промени на министерскиот состав од оваа партија, соопштиле од кабинетот на техничкиот премиер Емил Димитриев за „Телма“.

„Премиерот Емил Димитриев ги прифати оставките на министрите од ДУИ и согласно процедурата тие се испратени до Собранието. Право на политичката партија ДУИ е кои лица ќе ги повлече од позициите за министри и кои лица ќе ги определи и достави како предлози за избор на министри и за овој процес се во тек консултации. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ до Владата нема пристигнато најави или информација за промени на министрите од редовите на партијата и коалицијата „За подобра Македонија“ која ја предводи“, стои во дописот од кабинетот на Димитриев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој денеска беше во посета на Струмица, потврдил дека нема да има промени во министерскиот состав од неговата партија, бидејќи времето било кусо, но нагласил дека ќе има промени во идната Влада.

Во врска со смената на министрите на ДУИ, генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски смета дека станува збор за политичка игра на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

– Тоа е работа која што заедно ја договараат ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и тоа е прашање кое треба да го одговорат овие две политички партии. Не очекувам ништо спектакуларно, односно очекувам замена на одредени имиња со кои што ќе пратат привидна порака до јавноста дека се менуваат – изјави денеска Спасовски во Штип.

Оставките на министрите и замениците-министри на ДУИ утре се очекува да бидат на дневен ред на седница на Собранието.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...