ДУИ не го исполни предизборното ветување, основните училишта во Тетово ги остави без спортски сали

Од осумте ветени спортски сали изградена е само една, пренесува Порталб.мк

-

Не е исполнето изборното ветување за 2020 година на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за изградба на осум спортски сали за основните училишта во Тетово. Од осумте ветени спортски сали изградена е само една, пренесува Порталб.мк.

Во изборната програма 2020-2024, на последните парламентарни избори со која
настапуваше ДУИ, во делот за капиталните проекти во образованието се спомнува изградбата на осум спортски сали во основните училишта во Тетово.

Според програмата, спортските сали кои требаше да се градат во 2020 година, а кои требаше да бидат готови до 2024 година се за овие училишта: „Братство Миѓени“, „Андреа Савески Кикиш“, „Кирил и Методиј“, „Лирија“, „Наим Фрашери“, „Истикбал“, „Рилиндја“ во Селце и „Ѓерѓ Кастриоти“ во Џепчиште.

Денес, четири години подоцна, не се изградени седум од овие спортски сали.  Спортската сала е изградена само во училиштето „Андреа Савески Кикиш“ во кое најголем дел од учениците се македонци.

Порталб.мк се обрати до ДУИ со прашање зошто не се изградени другите сали, но одговор не добивме.

Објаснување побаравме и од Министерството за образование и наука (MOН), но ниту од оваа институција не одговорија на новинарските прашања.

Учениците и наставниците од овие училишта недостигот на спортските сали најмногу го чувствуваат во есен и зима кога часовите по физичко образование мора да ги одржуваат внатре.

 

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен маж од...

МЦМС: Mнозинството граѓани сметаат дека безбедноста во земјава е загрозена

Мнозинство од граѓаните (59,8%) сметаат дека безбедноста во земјава е многу или главно загрозена. Меѓу нив, побројни се жените. Загриженоста опаѓа со зголемувањето на степенот на образование од 67% кај оние...

Со закана со нож 34 годишник силувал дете во Тетово, Обвинителството поведе истрага

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 34 годишник, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години, казниво...

Меѓуресорска група ќе ги брани училиштата од сајбер напади

Претставници на Министерството за образование и наука, на Министерството за внатрешни работи, институции за јавна безбедност, претставници на Министерството за дигитална трансформација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, заеднички...

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен...