fbpx

Во својот мандат ДУИ ја остава Попова Шапка како што ја најде, без ветената „голема“ инвестиција

Не е изградена ниту жичарницата од Тетово до Попова Шапка, која се сметаше како решение за проблемот со сообраќајниот хаос

-

Предизборните ветувања на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за 2020 година за различни инвестиции и подобрување на условите на туристичкиот центар Попова Шапка не се реализирани. На прашањето на Порталб.мк зошто не се реализирани дадените ветувања, ДУИ молчи.

Во изборната програма 2020-2024 за последните парламентарни избори со која настапи ДУИ, во делот за развој на туризмот, на страница 115, се споменуваат низа ветувања за Попова Шапка.

„Давање на хотелските капацитети и ски-лифтовите под јавно-приватно управување, што ќе овозможи нови инвестиции во Попова Шапка. Секоја инвестиција во хотелските
капацитети ќе има за цел да донесе светски брендови и да ги зголеми услужните капацитетите. Проект во вредност од 1,8 – 2 милиони евра за изградба на паркингот со капацитет за 350 возила, осветлен и со пристапен пат, со кој ќе се надминат проблемите со кои се соочуваат туристите на Попова Шапка. Изградба на систем за вештачки снег (од 2 до 2,2 милиони евра). Завршување на потребните услови за скијање во текот на зимската сезона кога недостасува природен снег. Гондола која го поврзува Тетово со Попова Шапка. Дизајн на гондолата во вредност од 300 илјади евра. По оваа фаза ќе се обезбеди потребниот буџет за изградба на истата“, пишува во изборната програма на ДУИ за 2020/2024 година.

Изградбата на жичарницата Тетово – Попова Шапка се спомнува и на страна 175 од
програмата. Но, денес, по четири години, овие ветувања не се реализирани на терен. Од партијата не одговорија на прашањата на Порталб.мк околу нивното неисполнување.

Што се однесува до предавањето на хотелските капацитети и ски-лифтови под јавно-
приватно управување, што ќе овозможи нови инвестиции во Попова Шапка,
донесувањето на светски брендови и зголемувањето на услужните капацитети, во
декември 2022 година како да се појави мала надеж за заживување на Попова Шапка,
кога италијанската компанија „Teхно Алпин” во Владата на РСМ го претстави нивниот план за развој на овој туристички центар. Реализацијата на инвестицијата е планирана во седум фази и има вкупна вредност од околу 180 милиони евра. Меѓутоа, договорот не е потпишан, бидејќи не се завршени преговорите.

Досега не е реализиран проектот во износ од 1,8 до 2 милиони евра за изградба на
паркингот со капацитет за 350 возила, осветлен и со пристапен пат, со што би се надминале проблемите со кои се соочуваат туристите во Попова Шапка. Решение за овој проблем беше претставено и во понудата на „Teхно Алпин“. А во меѓувреме, за да се ублажи проблемот со хаосот поради недостигот на паркинзи, менаџментот на Попова Шапка во 2021 година пренамени две парцели во паркинзи. Исто така беа обезбедени и две комбиња за превоз на туристите за време на викендите до Попова Шапка.

Изградбата на системот за вештачки снег (од 2 до 2,2 милиони евра) и исполнувањето на потребните услови за скијање во текот на зимската сезона кога недостига природен снег останаа само зборови напишани на хартија. Ова не беше реализирано. Решението за овој проблем е вклучено во понудата на „TeхноАлпин” уште во првата фаза, но сè уште нема потпишан договор. Како резултат на климатските промени и недостатокот на снежни врнежи, скијачката сезона на Попова Шапка во последните години не била успешна, со бројни прекини во зависност од снежните врнежи.

Не се изгради ниту жичарницата од Тетово до Попова Шапка, која се сметаше како
решение за проблемот со сообраќајниот хаос. Пуштањето во употреба на жичарницата од Тетово до Попова Шапка беше услов за инвестицијата на „Техно Алпин“ во туристичкиот центар, но преговорите за овој дел се во тек, а се уште не е постигнат договор. Жичарата од Тетово до Попова Шапка во минатото беше во функција од 1962 до 2001 година, но денес останува само спомен за оние кои имаа можност да ја користат. Потсетуваме дека Попова Шапка со години е запоставена и оставена без никакви инвестиции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...