четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ветувања | 45 резултати

Во својот мандат ДУИ ја остава Попова Шапка како што ја најде, без ветената „голема“ инвестиција

март 27, 2024

Предизборните ветувања на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за 2020 година за различни инвестиции и подобрување на условите на туристичкиот центар Попова Шапка не се реализирани. На прашањето на Порталб.мк зошто не се реализирани дадените ветувања, ДУИ молчи. Во изборната програма 2020-2024 за последните парламентарни избори со која настапи ДУИ, во делот за развој на […]

Меџити пак вети дека нема да доцни дијабетската терапија, но дијабетичарите вечерва сепак ќе протестираат

јули 21, 2023

Додека сум јас министер, доцнење на набавки за лекови повеќе нема да има, порача министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, во пресрет на денешниот најавен протест на дијабетичарите, кој пред Министерството за здравство во 19 часот го организира Сојузот на здруженија на дијабетичари. Сепак, доцнење на дијабетската терапија има, и тоа веќе седум месеци. Меџити […]

Министерот Шаќири ги вети, а сега молчи за дигиталните услуги во образованието

април 29, 2023

Систем кој ќе овозможи матурантите онлајн да се запишуваат на факултет, надграден и пофункционален електронски дневник, мобилна апликација е-дневник, како и електронски свидетелства, се новините кои минатата година ги најави министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Лани на 15 јуни, кога информираше за бројот на електронски апликации што стасале за упис во средното образование, […]

Порталб.мк: Студентскиот дом во Тетово не е подготвен ниту за овој семестар, се ветува од 2016 година

октомври 27, 2021

Студентскиот дом во Тетово сè уште не е готов, иако Министерството за образование и наука претходно најави дека се очекува домот да заврши во мај/јуни годинава, пишува Порталб.мк. Заменик министерот за образование, Арафат Шабани даде ново ветување и изјави дека останува да се довршат работите околу ентериерот. „Прво на ред беа градежните работи. Сега следи […]

Порталб: Општина Тетово во „офанзива“ со проекти во пресрет на локалните избори

септември 3, 2021

Во последниот период, од јули наваму, односно три месеци пред локалните избори, Општина Тетово промовираше и финализираше неколку големи проекти, кои според ветувањата требаше да бидат завршени порано. Пред два дена беше пуштено во употреба долгоочекуваното основно училиште во Мала Речица, но само за прво одделение. Порталб ја праша градоначалничката на Тетово, зошто во толку краток […]

Порталб.мк: Ветувања само на хартија, нема иницијатива за изградба на новата болница во Струга

август 29, 2021

Новата болница, па дури и реновирањето на сегашната болница во Струга, останува неостварено ветување на актуелниот градоначалник Рамиз Мерко. Од 2017 до 2021 година, единствената работа која е завршена во болницата е уредувањето на паркинг просторот, средување на патеките и формирање модуларна болница за случаи на ковид-19. Општата болница во Струга и понатаму функционира во […]

Многу ветувања, но мала реализација во квалитетот на образованието и училишната инфраструктура во Струга

август 25, 2021

За време на предизборната кампања на локалните избори во 2017 година, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, вети многу инвестиции за зголемување на квалитетот на образованието и подобрување на училишната инфраструктура во регионот. Меѓутоа, пред крај на мандатот на градоначалникот Мерко, реализацијата на ветувањата во оваа област е далеку од посакуваното, пишува „Порталб.мк“. За време на […]

Вистиномер: Не се случи ветеното заживување на езерото Треска

јули 31, 2021

Ветување: ИЗЛЕТНИЧКИ ЦЕНТАР „ТРЕСКА“ НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ! Езерото „Треска“ е изградено со самопридонес на граѓаните на Скопје, а во моментов, просторот е запоставен и руиниран. Со неговото враќање во надлежност на градот и со негова ревитализација, Скопје и скопјани добиваат излетничко место за одмор, култура, забава, за кампување и разладување во летните денови. Ревитализацијата на комплексот […]

Вистиномер: Кејот на Вардар кај ГТЦ со нов лик

јули 29, 2021

„Вистиномер“ го анализираше ветувањето на скопскиот градоначалник Петре Шилегов за целосно нов изглед на кејот на Вардар кај ГТЦ. Анализата подолу ја пренесуваме во целост:   Ветување:  Кејот на Вардар кај ГТЦ е претворен во сообраќаен хаос, каде што возилата се движат врз руиниран плочник и постојано им пречат на гостите во рестораните и на […]

Порталб: Ветувања и изјави за патот Тетово – Призрен, а не се знае колку ќе чини ниту кога ќе започнат работите

јуни 24, 2021

„Една поговорка вели, Призрен и Тетово биле еден град горе на небото, но кога паднале на земја, Шар планина ги разделила на два дела и сега ние треба да ги поврземе“ изјавил сега веќе премиерот на Косово, Албин Курти за време на изборната кампања во февруари годинава, кој истакна дека ќе започнат подготовките за проектот […]

Порталб: За нереализирањето на некои проекти, Општина Чаир ја обвинува пандемијата

април 1, 2021

Клинички центар за деца, нов објект за Mладински центар, паркинзи зад станбениот блок на бул. Никола Карев, паркинзи на крстосницата на Џон Кенеди и Кемал Сејфула и кружни текови на улицата Цветан Димов, се дел од ветените проекти на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кои не се реализирани повеќе од три години, откако дојде на […]

Бектеши ветува работни места, полесни услови за водење бизнис, инвестиции во енергетиката, „Старт-ап село“

септември 22, 2020

Олеснети услови за водење бизнис, намалување на лимитот за основање на фирми, со цел да се поттикне и зголеми приливот на домашни и на странски инвестиции, отворање на повеќе работни места, поттикнување на инвестиции во енергетиката,  туризмот, занаетчиството… најави на денешната прес конференција, министерот за економија Крешник Бектеши. „Најприоритетно е во наредните четири години преку […]

Низа активности и ветувања за младите од власта во наредните четири години (инфографик)

септември 16, 2020

„Убедени сме дека стапката на невработеност на млади од 15 до 29 години значително ќе се намали, на ниво под 17 проценти до 2024 година“, се вели во програмата „Можеме“ на СДСМ, која партијата ја понуди пред парламентарните избори во јули годинава. Во програмата која треба да се реализира во наредните четири години, може да […]

СДСМ со неколку ветувања за развојот на медиумската сфера во новиот мандат

септември 3, 2020

Владејачката СДСМ пред изборите на медиумските организации јавно им вети брзо формирање на новите управувачки органи на Македонската радио-телевизија и на медиумскиот регулатор во рамките на медиумските реформи. Одговарајќи на јавно упатените прашања од страна на Здружението на новинари на Македонија и на другите новинарски и медиумски организации, СДСМ вети дека веднаш по заокружување на […]

МРТ во изборните програми: СДСМ ја гледа како заштитник од дезинформации, ВМРО ќе ја уредува со нов закон

јули 6, 2020

Идниот развој на јавниот радиодифузен сервис е вклучен во изборната програма на двете најголеми политички партии што ќе се натпреваруваат на изборите на 15 јули. За владејачкиот СДСМ, приоритет е Националната радио-телевизија да прерасне во вистински јавен радиодифузер, кој мора да биде во тек со времето и да биде присутен на сите современи платформи и […]

Istinomer.rs ги оценува предизборните ветувања на претседателот на Србија, Александар Вучиќ

јуни 15, 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од […]

Скијачкиот центар Попова Шапка остана жртва на предизборни ветувања

март 2, 2020

Додека скијачкиот центар Попова Шапка се соочува со најлошата сезона во историјата на овој туристички центар, надлежните не се колебаа да даваат нови ветувања, и тоа: вештачки снег, изградба на жичара од Тетово до Попова Шапка, продажба на капацитетите на овој туристички центар, како и реновирање на државните хотели, пишува „Порталб.мк“. Ова беа само неколку […]

Ветувањата на министерките во новата Влада на Косово

февруари 14, 2020

Калзо  (kallxo.com) – кој работи на проверка на фактите и е производ од соработката меѓу БИРН Косово и Интерњуз Косово) ги сподели со јавноста ветувањата на министерките во новата Влада на Косово дадени во емисијата “Jeta në Kosovë”. Седумте жени на водечките позиции во новата Влада дадоа ветувања за она што тие тврдат дека ќе го […]

Анализа: Предизборни ветувања – „надуван балон“ или остварлива агенда?

декември 16, 2019

Неделава според најавите владејачката СДСМ треба да ги започне консултациите за кадровските решенија во новата техничка Влада – која е „предвесник“ на априлските предвремени парламентарни избори. Владејачката коалиција на опозицијата ќе и ги отстапи челните позиции во двете стратешки министерства – за внатрешни работи и за труд и социјална политика. И на владејачкиот и на […]

Хакерски напад го помати 10-от роденден на српски „Истиномер“, но поттикна поголема посветеност на борбата против дезинформациите

декември 12, 2019

Еден од најстарите сервиси за проверка на фактите и ветувањата на политичарите и функционерите, како и борец против лажните вести, српскиот „Истиномер“, пред два дена одбележа 10 години постоење. „Истиномер“ ги повикува политичарите и другите јавни личности на одговорност за јавно искажаниот збор и ветувања. Граѓаните ги повикува на добро паметење, внимателно проверување и поврзување […]

Страна 1 од 3