сабота, 13 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Емил Димитриев | 94 резултати

Јанакиески дојде во СЈО да даде исказ за случајот „Талир“

9 јуни 2017

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, попладнево во 14 часот пристигна во Специјалното јавно обвинителство, каде според информациите треба да даде исказ за случајот „Талир“ во кој и тој е еден од осомничените. Јанакиески не даде изјава за медиумите. Инаку во Специјалното јавно обвинителство денеска беше и пратеничката на СДСМ, Фросина Ташевска-Ременски. Таа по […]

Димитриев не дал исказ во СЈО, побарал увид во доказите

9 јуни 2017

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен технички премиер Емил Димитриев денеска не дал исказ во Специјалното јавно обвинителство, туку како што изјави побарал увид во доказите за случајот „Талир“, каде тој е еден од 11 осомничени. – Побарав увид во доказите и штом ги добијам, ќе се произнесам – рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Димитриев […]

Емил Димитрев дава исказ во СЈО за случајот „Талир“

9 јуни 2017

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен технички премиер Емил Димитриев претпладнево во 11 часот пристигна во Специјалното јавно обвинителство каде според информациите треба да даде исказ во врска со случајот „Талир“. Димитриев во СЈО дојде со адвокатот Никола Додевски кој ги застапува поголемиот дел од осомничените во случаите што ги води СЈО. Како што дознаваме, […]

Заев: Димитриев ми пренесе дека состојбата во државата не е сјајна, но не е ниту драматична

1 јуни 2017

Новиот премиер, Зоран Заев, денеска изјави дека примопредавањето на премиерскиот кабинет од досегашниот технички премиер, Емил Димитриев, поминало во пријателска атмосфера. – Разговаравме со техничкиот премиер во заминување, господинот Емил Димитриев, и бев запознаен со сите неопходни детали што треба да ги знам уште денеска, во согласност со целиот протокол. Нормално, бев информиран за салите […]

Заев се всели во премиерскиот кабинет

1 јуни 2017

Новиот премиер, Зоран Заев, во 12.30 часот влезе во кабинетот на премиерот во Владата на Република Македонија, каде беше пречекан од техничкиот премиер Емил Димитриев. Димитриев срдечно го пречека Заев и му ја предаде функцијата. Заев во Владата стаса во придружба на неколку членови на новиот владин кабинет.

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО му помага на Заев да реализира нарачани платформи

22 мај 2017

На прес-конференција денеска дури тројца високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ одговараа на наводите што денеска ги изнесе СЈО отворајќи три нови случаи, од кои два „Талир“ и „Траекторија“ се за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и за високи партиски или државни функционери во владите на ВМРО-ДПМНЕ. Антонијо Милошоски од партиската говорница обвини дека СЈО само „штанца обвиненија против […]

ЛДП бара поништување на „скандалозниот“ договор за изградба на нов клинички центар

19 мај 2017

Никола Тодоров, Никола Груевски и Емил Димитриев денеска потпишаа и поддржаа скандалозен и бескруполозен договор за изградба на нов клинички центар во Скопје, свесно произведувајќи нови линии на поделба и беззаконие во Рeпублика Македонија, обвинуваат од Либерално-демократската партија (ЛДП). Оттаму велат дека потпишувањето на ваков договор од страна на лице „кое не е ништо друго, […]

Коцијанчич: Трпение, до 24 мај ќе дознаете кој ќе вечера со Могерини

19 мај 2017

Европската комисија засега не открива кој ќе патува во Брисел на средба со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и за безбедност, Федерика Могерини, дали тоа ќе биде техничкиот премиер Емил Димитриев или Зоран Заев. – Во овој момент можам да кажам дека поканите се испратени до премиерите, а имињата на учесниците ќе бидат […]

Димитриев: Не се согласувам со Нухиу, Чавков ја има мојата доверба и почит

29 април 2017

Го осудувам насилството од секој облик, физичкото насилство врз пратениците, насилството кое го доживееја и граѓаните и насилството врз процедурите, деловникот, законот и Уставот, изјави техничкиот премиер Емил Димитриев, кој апелираше на смиреност и на разумност кај сите политички партии и граѓани. – Би сакал повредените што побргу да оздрават и враќање на состојбата во […]

Димитриев го искара Рама на „Фејсбук“

21 април 2017

Додека мојот колега од Албанија „од ракав“ вади сценарија за спојувања на Албанија и на Косово, доколку пропадне европската интеграција на државите од регионот, негови дежурни адвокати се трудат да го правдаат со теза дека тоа што Рама бара домашни предизборни поени преку брутално мешање во македонските процеси било од „пријателска природа“, вели техничкиот премиер […]

Димитриев: Да надвладее разумот, да се запази достоинството на народот

16 април 2017

Во моменти кога имаме силна политичка поларизација, треба да надвладее разумот, да се запази достоинството во постапките и во комуникацијата меѓу себе, порача денеска од Штип техничкиот премиер Емил Димитриев, каде присуствуваше на велигденската литургија во централниот храм на Брегалничката епархија „Свети Никола“ во Штип. – Република Македонија во историјата преживеала многу премрежиња, ќе го […]

Синдикатот на „Југохром“ бара итна средба со Димитриев

23 март 2017

Синдикатот на „Југохром Алзар – Јагуновце“ бара итна средба со техничкиот премиер, Емил Димитриев, поради ситуацијата со комбинатот, чии печки се исклучени поради пробивањето на рокот за изградба на пречистителна станица. Од синдикатот реагираат на игнорирањето од страна на Владата на нивниот последен допис и бараат средбата со Димитриев да се случи најдоцна в понеделник. […]

СДСМ: Кога нема влада, ризични се отсуствата на претседателот и на техничкиот премиер

16 март 2017

Aко ВМРО-ДПМНЕ сака унитарна и суверена Македонија и се грижи за потребите на граѓаните, треба веднаш отворено да ја поддржи програмата на новата реформска влада, да прифати дека е опозиција и да овозможи мирен трансфер на власта, се вели во соопштението на СДСМ. Според нив, „и за домашната и за меѓународната јавност е јасно дека ова […]

Димитриев: Нови избори се единственото решение за излез од кризата

8 март 2017

Техничкиот премиер Емил Димитириев, при денешната посета на Делчево, го повтори партискиот став на ВМРО-ДПМНЕ дека предвремени парламентарни избори, кои би биле организирани заедно со локалните, се единствениот излез од политичката криза. Димитриев забележа дека постизборните дискусии, според него, длабоко задираат во уставното уредување, а не биле дел од предизборната кампања или многу малку се зборувало […]

Димитриев до Рама: Многу некоректно потпалувате националистички оган

2 март 2017

Постојаното мешање во внатрешните работи на Република Македонија прави голема штета на добрососедските односи и е спротивно на европските вредности, се вели во обраќањето на „Фејсбук“ на техничкиот премиер Емил Димитриев кон албанскиот премиер Еди Рама. „Мешањето не ѝ помага на Албанија, чии граѓани очекуваат од Вас да се зафатите со слабостите во владеењето и […]

Хан ја почна работната посета со средба со премиерот Димитриев

9 февруари 2017

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, утринава се сретна со премиерот Емил Димитриев, со кој разговараше за ситуацијата во земјата по предвремените парламентарни избори, одржани на 11 декември минатата година. Детали од средбата засега не се откриваат, а Хан од средбата објави фотографија на социјалната мрежа „Твитер“ со краток опис. „Го почнав […]

Кривични пријави од СДСМ за Димитриев, Попоски, Тодоров и за Канческа-Милевска

3 февруари 2017

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе поднесе кривични пријави против премиерот во оставка, Емил Димитриев, и против министрите во оставка Никола Попоски, Никола Тодоров и Елизабета Канческа-Милевска поради прекршување на Изборниот законик. Кривичните пријави, како што соопшти денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, ги поднесуваат бидејќи премиерот и тројцата министри во моментов истовремено ја извршуваат и […]

Вработените во „Југохром“ во вторник продолжуваат со блокади и со протести

27 јануари 2017

Вработените во „Југохром“ во вторник од 11 до 13 часот ќе го блокираат автопатот Тетово – Скопје, кај наплатната рампа Желино. Блокадата, како што велат од синдикалната организација на фабриката, е поради неоправданото исклучување на печките во комбинатот. Од синдикатот на „Југохром“ велат дека во последните десет дена, оствариле средби со премиерот Емил Димитриев и […]

Цела Македонија под привремена управа – в.д. ги водат судовите, владата и собранието

24 јануари 2017

Трите власти во државата – законодавната, судската и извршната – се под привремена управа. Веќе два месеци, и подолго, на чело на најважните судови, Владата, Собранието, МВР се наоѓаат вршители на должност, кои привремено ги извршуваат раководните функции на кои се поставени. Ваквата ситуација го скратува дијапазонот на одлуки и на решенија што можат да ги […]

Државниот врв и лидерите на партиите упатија честитки по повод Богојавление – Водици

19 јануари 2017

Претседателот на држвата, Ѓорге Иванов, премиерот Емил Димитриев и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, и до православните верници во земјава испратија честитки по повод празникот Богојавление – Водици. „Во духот на овој голем празник, да го поттикнуваме најдоброто […]

Страна 1 од 5