fbpx

Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги земе во обѕир сите ставови, вели Димитриев

-

Поранешниот Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, во изјава за медиумите рече дека дискусиите на првиот ден од вонредниот конгрес на кој партијата ќе бира нов лидер биле многу коректни.

-Дискусиите беа многу коректни, во насока на тоа што треба партијата да преземе во наредниот период, да биде подобро организирана, зајакната со дополнителни ресурси како што доликува на една квалитетна опозиција, која што ќе биде алтернатива за замена на власта – рече Димитриев.

Тој напомена дека и претходниот конгрес имало отсуство на делегати, но дека согласно актите на партијата конгресот можел активно да работи.

Димитриев вели дека наредното раководство на ВМРО-ДПМНЕ во иднина треба со најголема сериозност да ги земе размислувањата на видните членови на партијата кои јавно изразија незадоволство пред конгресот.

-Моите размислувања се дека сите јавно изразени ставови и мислења треба да бидат земени во обѕир, бидејќи тие се кажани во насока за што подобро функционирање на партијата, се кажани од луѓе кои не се случајно во партијата и мислам дека во наредниот период новото раководство ќе ги земе со најголема сериозност – додаде Димитриев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...