fbpx
Таг: Емил Димитриев

таг: Емил Димитриев

Димитриев: Датумот за избори е дел од Договорот од Пржино

„Датумот на изборите е дефиниран со закон и изгласан од сите политички партии во Собранието и е дел од Договорот од Пржино. Засега не гледам ниту една причина тој датум, односно закон да биде дискутабилен“, истакна денеска премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, во Владата, одговарајќи на новинарско прашање. - Сметам дека треба да се држиме до она што веќе...

Димитриев: За Владата е прифатлив кој било закон за медиуми од земјите-членки на ЕУ

Премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска се сретна со Роберт Бершински, заменик помошник секретар на Бирото за демократија, човекови права и за труд на Стејт департментот. Двете страни ја истакнале значајноста и приоритетот на организирањето фер, веродостојни и демократски избори. Била истакната нужноста за посветеност на сите политички партии во унапредувањето на довербата во изборниот процес. Димитриев ја истакнал определбата на...

Димитриев: Постојниот закон за медиуми е добар

Потребно е решение за медиумите што ги задоволува потребите на Македонија, соопшти денеска премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, по средбите со трите новинарски и медиумски здруженија и асоцијации. - Како Влада стоиме на ставот дека постојниот закон за медиуми, кој е работен со помош на Европската унија, е добар, а ако се одлучи дека треба да има нов закон,...

Димитриев: Има доволно време до 24 април да се организираат фер и демократски избори

По средбата со амбасадорите на САД и на ЕУ во Македонија, Џес Бејли и Аиво Орав, техничкиот премиер Емил Димитриев истакна дека „има доволно време и услови до 24 април да се организираат фер и демократски избори, во кои сите партии ќе имаат доверба.“ - Тоа ќе бидат фер, демократски и кредибилни избори по сите европски стандарди. Стандардите се јасни и...

Димитриев се вселил во кабинетот на Илинденска, Груевски во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Техничкиот премиер за спреведување на изборите, Емил Димитриев, работи во премиерскиот кабинет во зградата на Владата, односно од фотелјата што ја презеде од својот претходник, Никола Груевски, ни потврди портпаролот на Владата, Александар Ѓеоргиев. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, својот работен ден го поминува во канцеларијата во седиштето на партијата, вели Иво Котевски, директор на партискиот центар за комуникации. Од Владата, сепак, не можеа...

ДИК: Владата изрази подготвеност да излезе во пресрет на нашите барања

Премиерот на преодната влада, Емил Димитриев, на денешната средба со членовите на Државната изборна комисија (ДИК) изразил подготвеност да излезе во пресрет на барањата на ДИК што се однесуваат на организациските и на техничките подготовки за вкрстените проверки на различни бази на податоци, теренските проверки и на други правни работи поврзани со изборите, соопштуваат од ДИК. На средбата, на која присуствувале...

Премиерот Димитриев е против одложување на изборите

Премиерот на преодната влада, Емил Димитриев, изјави дека нема основа за одложување на предвремените парламентарни избори и дека тие ќе се одржат на 24 април. Ова Димитриев го изјави при посетата на новата здравствена установа „Пет центар“, каде беше придружуван од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и од министерот за здравство, Никола Тодоров. Димитриев рече дека во овој момент нема потреба од...

Членовите на ДИК ќе се сретнат со премиерот Димитриев

Членовите на Државната изборна комисија денеска ќе се сретнат со премиерот на преодната влада, Емил Димитриев. Средбата ќе се одржи во 12 часот, во Владата на Република Македонија. ДИК на вечерашната седница усвои одлука при вкрстеното споредување на податоци да се користат базите на 13 институции, меѓу кои Фондот за здравствено осигурување, ПИОМ, Управата за јавни приходи (УЈП), Народна банка, Агенцијата...

Димитриев: Да ѝ помогнеме на Македонија да ги надмине сите препреки

Претседателот на Владата за спроведување на парламентарните избори, Емил Димитриев, по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици, денеска упати честитка до поглаварот на МПЦ-Охридска архиепископија, г.г. Стефан, и до сите верници од православна вероисповед. „На овој прекрасен ден, секоја година одново и одново се потсетуваме на големата љубов на нашиот Бог создател, на неговата милост да ни ги открие најдлабоките тајни...

Собранието ја избра преодната влада на премиерот Емил Димитриев

Собранието на Република Македонија со 71 глас „за“ и со девет воздржани, ја избра новата преодна влада која ќе ја предводи премиерот Емил Димитриев. Сите министри од претходниот состав ќе бидат министри и во преодната влада, вклучувајќи ги и министрите предложени од опозицијата, за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и за труд и социјална политика, Фросина Ременски, кои не беа присутни на седницата. Антонио...

Иванов му го врачи мандатот за формирање нова влада на Емил Димитриев

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, му го врачи мандатот за состав на Влада на Република Македонија на Емил Димитриев. Димитриев, досегашен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, во четвртокот беше избран од извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за премиер на преодната влада. Во петокот, Никола Груевски ја депонираше својата оставка до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, а денеска таа беше констатирана во законодавниот дом. Се очекува...

Иванов вечерва ќе му го врачи мандатот за формирање влада на Емил Димитирев

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во 19.30 часот ќе му го врачи мандатот за состав на Влада на Емил Димитриев, информираа од кабинетот на претседателот. Емил Димитриев, досегашен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, во четвртокот беше избран од извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за премиер на преодната влада. Во петокот, Никола Груевски ја депонираше својата оставка до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, а денеска...

Емил Димитриев ќе биде преоден премиер откако Груевски ќе ја активира оставката

Актуелниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, ќе биде новиот премиер, кој ќе дојде на чело на преодната влада откако ќе биде активирана оставката на Никола Груевски, соопшти и официјално вечерва на прес-конференција Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. Одлуката Димитриев да биде на чело на преодната влада, што на денешната седница ја донел извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, била потврдена од централниот...

Емил Димитриев ќе биде премиер на преодната влада?

Актуелниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, ќе бил новиот премиер, кој ќе дојде на чело на преодната влада откако ќе биде активирана оставката на Никола Груевски, објави вечерва порталот „Прес 24“, повикувајќи се на свои извори во владејачката партија. Сепак, од ВМРО-ДПМНЕ засега ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат оваа информација. Според неофицијалните информации на порталот, одлуката Димитриев да биде...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...