fbpx

ДИК: Владата изрази подготвеност да излезе во пресрет на нашите барања

-

Премиерот на преодната влада, Емил Димитриев, на денешната средба со членовите на Државната изборна комисија (ДИК) изразил подготвеност да излезе во пресрет на барањата на ДИК што се однесуваат на организациските и на техничките подготовки за вкрстените проверки на различни бази на податоци, теренските проверки и на други правни работи поврзани со изборите, соопштуваат од ДИК.

На средбата, на која присуствувале и министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска, и заменик-министерката за правда, Билјана Бришкоска-Бошковски, премиерот Димитриев ги запознал членовите на ДИК со заклучоците донесени на вчерашната седница на Владата.

„Откако членовите на Државната изборна комисија беа запознати со заклучоците донесени на вчерашната седница на Владата на РМ, кои произлегле од првата работна координативна средба со членовите на ДИК, претседателот Александар Чичаковски информираше за прашањата поврзани со кадровското екипирање на Државната изборна комисија и со просторното и техничко опремување за имплементација на методологиите за ажурирање на избирачкиот список. Се разговараше и за низа други тековни прашања поврзани со надлежностите на Државната изборна комисија, како и за решавање на проблемите со кои комисијата се соочува во овој период“, стои во соопштението на ДИК за средбата.

Димитриев, по завршувањето на средбата, излегол со, како што пренесува „Телма“, впечаток дека комисијата е подготвена да почне со операцијата за прочистување на избирачкиот список.

„Под претпоставка да се договори методологијата за која преговараат партиите, тие се подготвени, веќе имаат сериозни подготовки, за оперативно ставање во функција на методологијата“, изјавил Димитриев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.