fbpx

Димитриев: За Владата е прифатлив кој било закон за медиуми од земјите-членки на ЕУ

-

Премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска се сретна со Роберт Бершински, заменик помошник секретар на Бирото за демократија, човекови права и за труд на Стејт департментот.

Двете страни ја истакнале значајноста и приоритетот на организирањето фер, веродостојни и демократски избори. Била истакната нужноста за посветеност на сите политички партии во унапредувањето на довербата во изборниот процес.

Димитриев ја истакнал определбата на Владата за реализација на барањата на Државната изборна комисија за организација на изборите на 24 април, за што постоела соодветна комуникација и координација.

Во однос на медиумските слободи, тој истакнал дека за Владата постојниот закон кој ја регулира оваа материја, а бил изработен во соработка со Европската комисија, е добар, но доколку партиите се договорат дека е потребна промена на законот, за Владата е прифатлив кој било закон што ја регулира оваа сфера, од која било од земјите-членки на Европската унија.

Двајцата соговорници ја истакнале значајноста од дејствување во насока на превенирање и оневозможување на какви било притисоци во врска со изборите кон вработените во државната и во јавната администрација и нивното гласање.

Соговорниците ја истакнале посветеноста на двете земји во понатамошно унапредување на меѓусебната соработка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...