fbpx
Таг: Емил Димитриев

таг: Емил Димитриев

Димитриев: Одржувањето избори на 5 јуни е неопходно

„Одржувањето избори на 5 јуни е неопходно. Нивното одложување, за кое прашање е дали е правно можно, и продолжувањето на времетраењето на техничката влада има реперкусии врз секојдневното функционирање на институциите“, изјави претседателот на Владата за спроведување на изборите, Емил Димитриев, при посетата на касарната „Илинден“ во Скопје. – Го објаснив ова прашање и повторно ќе го афирмирам мојот став и ставот на Владата...

Димитриев му одговори на Спасовски: Што не Ви е јасно, одлуката на Владата е законска

„Реагирате пет дена откако Владата ги донесе цитираните одлуки. Пет дена потоа. Реакција пет дена потоа докажува и колку сте посветен или непосветен на работата и станува јасно дека единствена цел на Вашата реакција е обид за правење реклама, но и ми покажува дека и Вие сте свесни дека Владата има донесено кристално чиста законска одлука“, се вели во одговорот...

Спасовски до Димитриев: Со самовластието и со хаосот ја продлабочувате политичката криза

Одлуката на Владата за укинување на решенијата донесени од Министерството за внатрешни работи во периодот од 11 ноември минатата година до 7 април годинава е донесена во нелегитмина постапка, надвор од законите и од деловникот за работа на владата, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во отвореното писмо до техничкиот премиер Емил Димитриев. Спасовски истакнува дека информацијата по која Владата...

СДСМ бара на итна седница да бидат констатирани оставките на министрите

Координаторот на пратеничката група на СДСМ побара од техничкиот премиер за спроведување на изборите, Емил Димитриев, да ги достави оставките на функционерите на опозицијата до Собранието. - Министрите и дополнителните заменици министри на опозицијата денеска си поднесоа оставки и сакам јавно да го повикам премиерот Емил Димитриев итно да ги достави оставките до ова Собрание. Имаме и барање за итна...

Димитриев го информирал Даниелсон дека изборите ќе бидат фер и демократски

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска се сретна со Кристијан Даниелсон, директор на Директоратот за проширување на Европската комисија. На средбата стана збор за европските интеграции на Република Македонија, реформите кои се преземаат и за актуелната политичка ситуација во земјата. „Соговорниците ја истакнаа потребата и заложбата од организацијата на фер, веродостојни и демократски избори, при...

Димитриев ги повика пратениците да ги изгласаат новите министри и заменици од ДУИ

Техничкиот премиер за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска пред расправата за новите министри и заменици на ДУИ, ги повика пратениците да гласаат за новите функционери. Тој рече дека новите кандидати само ги пополнуваат испразнетите места на министрите што си дадоа оставка. Димитриев побара од пратениците да ги поддржат измените велејќи дека оваа техничка влада има малку време, а мандатот ѝ е даден само...

Димитриев не потпишал за Максути како за заменик министер за одбрана

Кандитатот за заменик министер за одбрана, Беким Максути, кој е дел од списокот на ДУИ за нови кадри во Владата од оваа партија, го нема во предлогот за избор на нови министри и заменици министри што премиерот Емил Димитриев го доставил до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. Ова може да се види во официјалниот документ доставен од Владата до Собранието,...

Димитриев: Во тек се консултации за нови министри од ДУИ

Во тек се консултации за избор на нови министри од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), а засега нема најави од ВМРО-ДПМНЕ за промени на министерскиот состав од оваа партија, соопштиле од кабинетот на техничкиот премиер Емил Димитриев за „Телма“. „Премиерот Емил Димитриев ги прифати оставките на министрите од ДУИ и согласно процедурата тие се испратени до Собранието. Право...

Изградбата на експресниот пат Кочани – Штип ќе почне во јуни

Изградбата на новиот експресен пат Кочани - Штип ќе почне во јуни. Должината на патот ќе изнесува 26 километри, а вредноста на проектот е 53,4 милиони евра. Ова денеска го најави техничкиот премиер Емил Димитриев, кој беше во работна посета на Кочанско. Освен експресниот пат до Штип, од Кочани до Македонска Каменица и до Делчево ќе се изврши рехабилитацијата на патната делница во...

Димитриев: За една година невработеноста е намалена за три проценти

За само една година невработеноста е намалена за три проценти и се отворени повеќе од 20.000 работни места на ниво на држава, изјави техничкиот премиер, Емил Димитриев, при посетата на Агенцијата за вработување на Република Македонија. – Ова е голем успех за сите институции кои се вложија во реализацијата. Намалувањето на невработеноста е резултат на повеќе реализирани мерки и политики...

МВР ќе формира девет работни групи кои ќе ѝ асистираат на ДИК

Една работна група на државно и осум работни групи на локално ниво ќе формира Министерството за внатрешни работи (МВР), кои ќе одговараат на барањата на Државната изборна комисија (ДИК) во врска со предвремените парламентарни избори закажни за 5 јуни. Ова денеска го соопшти техничкиот премиер, Емил Димитриев, по средбата со членовите на ДИК. - Заклучивме сите ресори, особено МВР бидејќи...

Хојт Ји: Важно е да се поддржи и да не се опструира Јанева

САД се стратегиски партнер на Македонија. Вашингтон како пријател ги следи сите аспекти за одржување на фер и демократски избори на 5 јуни, изјави Брајан Хојт Ји, заменикот помошник државен секретар за Европа и за Азија во американскиот Стејт департмент по средбата со техничкиот премиер Емил Димитриев. - Доколку сите ги извршат своите обврски, не постојат никакви пречки за одржување на...

ДИК: Со премиерот разговаравме за предизвиците околу предвремените избори

Членовите на Државната изборна комисија денеска се сретнале со премиерот Емил Димитриев и со членови на Владата на Македонија. Како што пишува во соопштението, на средбата се разговарало за соработката меѓу ДИК и Владата околу организирањето и спроведувањето на предвремените парламентарни избори. „Членовите на ДИК и Владата разменија размислувања околу справувањето на ДИК со предизвиците во периодот што претстои. Тие особено се осврнаа...

Димитриев ги достави оставките на министрите од СДСМ до Собранието

Техничкиот премиер задолжен за организирање на предвремените парламентарни избори, Емил Димитриев, попладнево до Собранието ги доставил оставките на министрите и замениците-министри од редовите на СДСМ во техничката Влада. Димитриев ги доставил оставките на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, и на дополнителните заменици-министри, Кире Наумов за финансии, Љупчо Николовски за земјоделство,...

Емил Димитриев: Ако нема избори, да се врати политичката влада

Мандатот на оваа влада е за организирање избори, ако нема избори, во тој случај се доведува во прашање целисходноста на нејзиното функционирање и престанува потребата и основната функција на оваа влада и треба да се врати политичката влада што беше со полн легитимитет од граѓаните, напиша на „Фејбук“ техничкиот премир за организирање на избори, Емил Димитриев. „Техничката влада на подолг временски рок е...

ЕУ и САД попладнево ќе ја соопштат оцената за условите за избори

Претставници на Евроската унија (ЕУ) и амбасадорот на Соединетите Американски Држави во земјава, Џес Бејли попладнево ќе ја соопштат оцената за тоа дали се исполнети сите услови за одржување на превремените парламентарни избори на 24 април, велат од амбасадите на ЕУ и САД. Оттаму нема информација кога точно тоа ќе се случи (во 14.30 или еден час подоцна) и каде...

Ванхауте: Нема избори на 24 април, денеска ЕУ и САД ќе ја кажат конечната оцена

Делегацијата на Европската унија (ЕУ) и на Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Македонија денеска, како што е најавено, треба да ја соопшти оцената за тоа дали се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 24 април. Првично, оцената требаше да биде соопштена вчера, но, како што информираа од амбасадите, било направено одложување на барање на партиите потписнички...

Партиите побарале одложување, оцената за условите за избори – утре

Делегацијата на Европската унија (ЕУ) и на амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Македонија утре ќе ја соопштат оцената за тоа дали се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори. Како што соопштуваат од амбасадите, одложувањето е на барање на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино. Неофицијално дознаваме од извори блиски до преговарачките тимови дека одложувањето било на барање на...

ЕУ и САД денеска треба да соопштат дали се исполнети условите за избори на 24 април

Амбасадорите на Европската унија (ЕУ) и на Соединетите Американски Држави (САД) во земјава, Аиво Орав и Џес Бејли, според најавите, денеска попладне треба да ја соопштат оцената за тоа дали се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 24 април. Засега нема официјална потврда на кој начин амбасадорите ќе ја соопштат одлуката, дали лично ќе му ги однесат...

Концесионерот на рудниците Злетово и Тораница треба да се знае на 16 март

Премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска ги информираше вработените во рудниците Злетово и Тораница дека Владата објавила повик за концесија на минералните суровини, кој треба да заврши на 14 март, а на 16 март ќе следи јавна аукција за избор на компанија што ќе ги добие на концесија минералните суровини. - Владата донесе одлука со која го презема...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...