СДСМ бара на итна седница да бидат констатирани оставките на министрите

-

Координаторот на пратеничката група на СДСМ побара од техничкиот премиер за спроведување на изборите, Емил Димитриев, да ги достави оставките на функционерите на опозицијата до Собранието.

– Министрите и дополнителните заменици министри на опозицијата денеска си поднесоа оставки и сакам јавно да го повикам премиерот Емил Димитриев итно да ги достави оставките до ова Собрание. Имаме и барање за итна седница во согласност со Уставот на Република Македонија, на која ќе бидат констатирани оставките – рече Сугарески.

Тој рече и дека во меѓувреме до Собранието ќе пристигне допис дека законите за кои денеска се води расправа, а се предложени од опозицијата, ќе бидат повлечени.

За вечерва во 19 часот најавено беше и обраќање на лидерот на СДСМ, но по само неколку минути тоа беше одложено.

„Ве ивестуваме дека најавеното обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за денеска во 19 часот се одложува. Дополнително ќе ве известиме за времето кога ќе се обрати претседателот Заев пред јавноста“, пишува во соопштението.

Тројца полицајци од Кочани пријавени за злоупотреба на службена положба во случајот со дискотеката „Пулс“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека поднело кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) против тројца полициски службеници од Полициската станица Кочани –...

Студентите на УКИМ ќе можат да работат во компании, практичната работа ќе биде дел од студиските програми

Нова соработка беше воспоставена денеска меѓу Универзитетот Св. Кирил и Методиј и Амбасадата на Швајцарија, со која им се овозможува на студентите да можат да изведуваат практична работа во компании, а...

Обвинителството ќе ги испитува повредените и семејствата на жртвите во Кочани на почетокот на мај

Процесот на испитување на оштетените од трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, која се случи минатиот месец, се предвидува да започне од почетокот на мај, за што ќе следи дополнително известување, имајќи...

Едно лице повредено во вооружена престрелка на Бит Пазар

Едно лице е повредено во вооружена престрелка која се случила попладнево во близина на полициската станица Бит Пазар, во населбата Дуќанџик, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР). „Околу 14 часот денеска...

Тројца полицајци од Кочани пријавени за злоупотреба на службена положба во случајот со дискотеката „Пулс“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека поднело кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) против тројца полициски службеници од Полициската станица...