fbpx

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал најави жалба против ослободувањето на Шешељ

-

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц, денеска најави дека ќе поднесе жалба против одлуката на судот за ослободување на Воислав Шешељ и вети дека ќе вложи максимални напори жалбата да биде водена ефикасно, ефективно и праведно.

Тој соопшти дека одлуката за жалба ја донеле откако детално го прегледале писменото образложение на мнозинството судии за ослободување на Шешељ.

Брамерц смета дека се направени суштински пропусти во главните аспекти на случајот и дека мнозинството судии не зеле предвид голем дел од доказниот материјал и не понудиле добри причини за своите заклучоци.

Според него, Советот на судот не направил разлика помеѓу крајната политичка цел кон која тежнееле членовите на потфатот на злосторничкото здружение и злосторничкиот начин применет за остварување на таа цел.

На 31 март годинава Хашкиот трибунал го ослободи Воислав Шешељ, лидер на Српската радикална партија, од сите девет точки на обвинението што го товари за говор на омраза и за поттикнување и поддршка на воени злосторства во Хрватска и во Босна и Херцеговина во текот на протерувањето на Хрватите од Војводина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...