понеделник, 9 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: жалба | 104 резултати

Додека трае суспензијата на Русковска, привремено ќе ја замени обвинителката Лиле Стефанова

17 август 2022

Обвинителката Лиле Стефанова привремено, според годишниот распоред, ќе ја замени Вилма Русковска која е суспендирана, по одлуката на државниот обвинител Љубомир Јовевски да покрене дисциплинска постапка против три обвинителки од Одделeнието за борба против организиран криминал. Оваа информација за Телма ја потврди Русковска. Русковска од денеска не е на своето работно место, а почнала да ја […]

Монтажен паркинг во Тетово-4.555 евра за едно паркинг место, жителите поднесоа жалба до институциите

22 април 2021

Додека компанијата „Еуровија“ ги врши последните подготовки за изградба на монтажен паркинг во централниот дел на Тетово, кој се очекува да биде готов во септември годинава, десетици жители од оваа населба поднеле жалба до Влада на РСМ и други релевантни институции. Велат дека паркингот се гради незаконски и дека ќе предизвика големи здравствени штети. 4.555 […]

Боки 13 оди во домашен притвор, одлучи Апелациониот суд

30 октомври 2020

Апелациониот суд во Скопје ја прифати жалбата на Бојан Јовановски – Боки 13 и од истражниот затвор „Скопје“ го испрати во домашен притвор. „Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави решение КОКЖ – 68/20 со кое жалбата на обвинетиот Б.Ј., осуден со првостепена пресуда по предметот КОК бр. 116/19 во јавноста познат како […]

Судскиот спор за рудникот за бакар и злато Иловица-Штука сè уште не стасал до Вишиот управен суд

8 септември 2020

Судскиот спор за рудникот за бакар и злато Иловица-Штука сè уште не стасал до Вишиот управен суд. Жалбите на канадската компанија „Еуромакс ресурсис“ и Второстепената државна комисија за управни спорови за одлуката на Управниот суд, со која тој ја поништи одлуката за раскинување на договорот за концесија со „Еуромакс“, беа поднесени во јули, но предметот […]

Министерството за транспорт и врски потврди дека нема да се градат „Шпанските скали“ на плоштад

27 август 2020

Второстепениот орган при Министерството за транспорт и врски, ја одби жалбата на инвеститорот Амадеус Девелопмент ДООЕЛ за изградба на „Шпанските скали“, со што на сила останува решението издадено од општина Центар за ништовност на одобрението за градење на таканаречените „Шпански скали“, информираат од општина Центар. Инаку, општина Центар, на 12.5.2020 година, донесе решение со кое […]

Бизнисменот Кочан треба веднаш да се јави во затвор, жалбата за одложување му е одбиена

30 јули 2019

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје ја одби жалбата на бизнисменот Сеад Кочан како неоснована и го потврди решението на судијата за извршување санкции, според кое осуденото лице е должно веднаш да се јави на издржување на затворската казна. -Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по жалба изјавена против решение […]

Радован Караџиќ осуден на доживотен затвор, жалбата му беше неуспешна

20 март 2019

Хашкиот суд за воени злосторства во поранешна Југославија денеска на доживотен затвор го осуди поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, потврдувајќи ја првостепената пресуда. Караџиќ при изрекувањето на пресудата беше мирен, без каква било експресија на лицето. Тој во 2016 година беше осуден на 40 години затвор, како виновен за геноцид, злосторства против човештвото […]

Мијалков останува во притвор, одбиена жалбата на одбраната

5 декември 2018

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ја одби жалбата на поранешниот директот на УБК, Сашо Мијалков за притворот во случајот „Империја“. Судиите оцениле дека постои опасност Мијалков да избега и да влијае врз сведоци и го потврдија решението на судија на претходна постапка, кој му одреди триесетдневен притвор за случајот „Империја“. „Постапувајќи по жалба […]

Кривичниот совет му ја одби жалбата, Груевски мора да се пријави во Шутка

9 ноември 2018

Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 му ја одби жалбата на осудениот поранешен премиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на решението за издржување на затворската казна од две години, во случајот „Тенк“ на СЈО, што треба да ја одлежи во затворот во Шуто Оризари. „По добиени повеќе прашања од медиумите, ја информираме […]

Одбраната на Груевски ќе поднесе жалба на пресудата во случајот „Тенк“

23 мај 2018

Адвокатот на обвинетите во случајот на СЈО „Тенк“, Димитар Дангов рече дека одбраната ќе поднесе жалба на пресудата со која на затворска казна од две години денеска беше осуден Никола Груевски, а поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски доби казна затвор од шест години и шест месеци. Дангов рече дека Судот немал никаква основа да […]

Судењето за „Тортура“ одложено за 23 март, се чека одлуката на Апелација за Мијалков

28 февруари 2018

Првото рочиште од судскиот процес за случајот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство, кое требаше да се одржи денеска е одложено, бидејќи како што соопшти судијката Александра Ристеска, Апелацискиот суд сè уште не донел одлука по жалбата на СЈО дали и на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков ќе му се суди за апсењето на лидерот […]

Груевски за „Траекторија“ ги спори СМС-пораките, СДСМ и СЈО можеле да ги менуваат

14 февруари 2018

Поранешниот премиер Никола Груевски во продолжението на рочиштето за случајот „Траекторија“ побара од судот да ги отфрли СМС-пораките како недозволен доказ, бидејќи, како што рече, не може да се утврди нивната автентичност и оти многу лесно може да се манипулира нивната содржина. Тој рече дека е можно тоа да се правело и во СДСМ и […]

Судењето за „Тортура“ треба да почне на 28 февруари, но се чека на Апелација

13 февруари 2018

Кривичниот суд Скопје за 28 февруари го закажа првото рочиште од судскиот процес за случајот „Тортура“ на СЈО, во кој на шестмина припадници на единицата „Алфа“ ќе им се суди за апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“ во 2011 година пред ресторанот „Воденица“ во Скопје. Предметот, како што може […]

Апелација ја потврди четиригодишната затворска казна за напаѓачот на Шекеринска

27 јануари 2018

Апелацискиот суд Скопје ја отфрли жалбата на Панче Ангелов за четиригодишната затворска казна што му ја одреди Кривичниот суд за нападот на Радмила Шекеринска, тогашна пратеничка, а сега актуелна министерка за одбрана, за време на насилствата во Собранието од 27 април, минатата година, пренесува „Телма“. Со одлуката Апелацискиот суд ја потврди пресудата и висината на […]

Од утре нов круг на одлуки за притворите на осомничените за 27 април

25 јануари 2018

Апелацискиот суд Скопје ја отфрли жалбата и го потврди решението на Кривичниот суд со кое му беше продолжен притворот на режисерот Борис Дамовски, кој е еден од осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. Со ова, Апелација ги одби жалбите и им го потврди притворот на сите осомничени на кои им беше […]

Не сум сторила тероризам, со моето апсење е прекршен Уставот, рече Пешевска во Апелација

22 јануари 2018

Не сум сторила тероризам, не сум ја загрозила безбедноста на македонскиот народ. Повреден е законот и Уставот со моето апсење. За полицијата не важеше мојот пратенички имунитет. Бев држена 16 часа со лисици на рацете, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска на денешната јавна седница на Апелацискиот суд во Скопје за продолжувањето на куќниот притвор […]

И Мукоски останува во притвор, одлучи Апелација

17 јануари 2018

Апелацискиот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата за продолжувањето на притворот и на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, осомничен за минатогодишните насилства во Собранието од 27 април. Второстепениот суд за жалбата на Мукоски одлучувал на затворена за јавност седница. Со одлуката на Апелација Мукоски останува во притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, […]

Пепиќ вели дека во Собранието бил службено, а по негова идеја ја евакуирале Шекеринска

11 јануари 2018

Мунир Пепиќ, полицискиот службеник осомничен поради насилствата во Собранието на 27 април минатата година, до Советот кој во Апелациски суд – Скопје денеска ја разгледува неговата жалба за новиот притвор, рече дека во Собранието бил на задача оти следел едно лице, а потоа помогнал во евакуацијата на Радмила Шекеринска. Неговиот адвокат Еленко Миланов од Советот […]

Солунскиот суд даде зелено светло за екстрадиција на Грујевски и Бошковски

5 јануари 2018

Советот на судии во Солун донел одлука поранешните началници во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Горан Грујевски и Никола Бошковски да бидат екстрадирани во Македонија, јавува солунскиот портал „Вориа“. Според истиот извор, веднаш по објавувањето на пресудата, двајцата обвинети поднеле жалби на одлуката до Врховниот суд во Грција. Како што пишува „Вориа“, Грујевски и […]

Одложено судењето на Заев за „Поткуп“, се чека одлука на Апелација за снимките

25 декември 2017

Денешното рочиште од судењето за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев се одложи за 29 јаниуари, следната година, бидејќи предметот е во Апелацискиот суд Скопје кој треба да одлужува по жалбата на Заев околу користењето на посебните истражни мерки (ПИМ) како доказ во судската постапка. Одбраната на Заев […]

Страна 1 од 5