Додека трае суспензијата на Русковска, привремено ќе ја замени обвинителката Лиле Стефанова

-

Обвинителката Лиле Стефанова привремено, според годишниот распоред, ќе ја замени Вилма Русковска која е суспендирана, по одлуката на државниот обвинител Љубомир Јовевски да покрене дисциплинска постапка против три обвинителки од Одделeнието за борба против организиран криминал. Оваа информација за Телма ја потврди Русковска.

Русковска од денеска не е на своето работно место, а почнала да ја составува жалбата до Советот за јавни обвинители за предлогот за нејзина суспензија.

Според неа, проблематично е што во ваква ситуација потешко ќе биде да ги предаде единствените две предистраги кои таа лично ги води. Истрагите за работењето на финансиската полиција и истрагата за надзорот во МВР врз приватните центри за технички прегледи. Русковска стравува дека истрагите ќе стивнат, бидејќи заради оваа ситуација странките во постапката стравуваат да соработуваат со обвинителството.

Во согласност со членот 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија вчера поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители.

„Во исто време, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Решение за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против наведениот обвинител“, информираа од ОЈО вчера.

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна најава досега...

Норвешка туристка алармира за нехумани услови во Скопската зоолошка градина

Норвешка туристка, Елена Хаген Мокошеин, испрати писмо до редакцијата на Мета.мк, заедно со фотографии, при што детално опишува сериозни пропусти во грижата за животните и недостиг на основни стандарди за нивна...

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Истанбул и повреди повеќе од 150 лица

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на Истанбул во Турција. Епицентарот на земјотресот во Турција е соопштено дека е на длабочина од 12 километри,...

Трејдинг за сиромашни – од живот без шеф до кампања за регрутација

Сѐ почнува со кратко видео: млада девојка во Дубаи, со лаптоп во скут и плажа во позадина, вели дека работи за себе, нема шеф и живее од тргување на берза. „И...

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна...