понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција | 99 резултати

Во акцијата на „Табановце“ уапсени командир, заменик командир и шест полицајци

декември 26, 2022

Поради злоупотреба на службената положба во синоќешната полициска акција на граничниот премин „Табановце“ се приведени командир, заменик командир, раководител на смена и шест полицајци, изјави денска на брифинг со медиумите министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Спасовски рече дека биле извршени претреси во кабините на граничниот премин, како и во домовите на деветмината уапсени со […]

Порталб: Касами со надеж во Хајрулахи за тужбата против Арифи

декември 26, 2022

Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, се надева дека новиот обвинител на Вишото обвинителство Скопје ќе продолжи со случајот, откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) реши дека нема да истражува по тужбата поднесена од општина Тетово против поранешната градоначалничка Теута Арифи за договорите на дело склучени додека таа беше […]

Поднесен обвинителен акт против три лица во предметот „Империја“

декември 21, 2022

По севкупно спроведена истражна постапка против 19 лица во предметот познат во јавноста под името „Империја“, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против преостанатите три лица, информираат во Обвинителството. Според обвинителниот акт, прво и второобвинетиот сториле кривични дела „Злоупотреба на […]

Русковска повторно се кандидира за шефица на Обвинителството за организиран криминал

октомври 20, 2022

Вилма Русковска, обвинителка и екс-шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, денеска изјави дека нејзината суспензија како и поднесената кривична пријава, ги гледа како притисок кон неа и кон сите јавни обвинители за да внимаваат против кого ќе поведат постапка. Ова таа денеска го изјави откако даде исказ во Обвинителството, по поднесената […]

Обвинителството ги распореди предметите за Управата за финансиска полиција и за техничката станица „Виа Комерц“

септември 2, 2022

Назначениот јавен обвинител Трајче Пеливанов за времено раководење со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе одлука за формирање четиричлена Комисија за констатирање на состојбата со тековните предмети во обвинителството, соопшти ОЈО. Комисијата изврши увид и ја попиша целокупната документација по предметите во предистражна постапка што се однесуваат на работењето на Управата за […]

Додека трае суспензијата на Русковска, привремено ќе ја замени обвинителката Лиле Стефанова

август 17, 2022

Обвинителката Лиле Стефанова привремено, според годишниот распоред, ќе ја замени Вилма Русковска која е суспендирана, по одлуката на државниот обвинител Љубомир Јовевски да покрене дисциплинска постапка против три обвинителки од Одделeнието за борба против организиран криминал. Оваа информација за Телма ја потврди Русковска. Русковска од денеска не е на своето работно место, а почнала да ја […]

Дисциплинска постапка за тројца јавни обвинители, Вилма Русковска е суспендирана

август 16, 2022

Во согласност со членот 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот […]

Контраспин: Во „војната“меѓу Русковска и Муареми веќе настрада вистината

август 5, 2022

Во целиот овој галиматијас со последици кои веќе се видливи – тешко нарушување на угледот на три многу важни институции за гонење на криминалот и корупцијата, УФП, ОЈО генерално и ОЈО ГОКК, како и Судот, Русковска изговори една многу моќна реченица: „Никогаш нема две вистини. Има само една“. Проблемот е што со толку многу уништена […]

Мијалков се спогоди за „Империја“: Три години затвор и ќе му конфискуваат 36 милиони евра

јули 8, 2022

Сашо Мијалков, осомничен во предметот „Империја“ за перење пари е осуден на три години ефективен затвор откако денеска призна вина во спогодба со обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, објави СДК. Од Обвинителството за организиран криминал и корупција потврдиле и за телевизија Телма дека Мијалков ја признал вината и се спогодил за предметот […]

Мухамед Зеќири си поднесе неотповиклива оставка од позицијата Генерален секретар на Владата

април 8, 2022

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири си поднесе неотповилкива оставка, по отворањето на предметот за истрагата за проневера која е покрената против висок функционер во Владата на РСМ и уште двајца хрватски државјани. Тој својата оставка ја објави на социјалната мрежа Фејсбук во форма на писмо до премиреот Димитар Ковачевски. „Низ мојот работен век секогаш […]

Сашо Мијалков повторно во притвор – за друг судски случај

декември 23, 2021

За помалку од половина ден, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков вчеравечер повторно доби притвор од Основниот кривичен суд во Скопје. Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција бил поднесен предлог за определување на мерка притвор, и тоа за случајот „Плацевите на Водно“ каде Мијалков е обвинет за помагање при кривичното […]

Истрага против две лица од Пакистан и малолетници од Авганистан кои криумчареле и малтретирале мигранти

ноември 21, 2021

Две полнолетни лица од Пакистан и двајца малолетници од Авганистан се осомничени во истрагата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Тие биле дел од организрана група која создала импровизирани кампови за мигранти во близина на границата со Србија. Осомничените им ги земале мобилните телефони на мигрантите, ги фотографирале и барале пари од […]

Обвинителството отвори уште една истрага против Драги Рашковски

мај 19, 2021

Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, отвори нова истрага за веќе осомничениот поранешен генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Станува збор за истрага во која тој, со уште две осомничени лица, се товари дека во периодот од 2017-2019 година при спроведување на постапка за јавна набавка, потпомогнат од останатите двајца осомничени, ја злоупотребил […]

Шест лица лишени од слобода во вчерашната акција за заплена на марихуана вредна 800.000 евра

април 10, 2021

По повеќемесечна постапка координирана и по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Одделот за криминалистичка полиција во соработка со Одделот за спречување на организиран и сериозен криминал и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, со асистенција на Американската служба за борба против дрога – ДЕА и Основното јавно […]

ОЈО покрена обвинение против 9 лица за перење на над 9 милиони евра во случајот „Поштенска банка“

декември 15, 2020

По сеопфатна истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје достави Обвинителен акт против девет лица, информираат од ОЈО. Меѓу деветте обвинети се поранешниот градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ратко Димитриевски и бизнисмените Коле Смилевски и Томе Главчев. На нив им се става […]

Обвинителството влезе во ДИК, ќе утврдува дали имало криминал при набавката на софтверот

јули 28, 2020

Во просториите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска по допрен глас влезе Основното јавно обвинителство за организиран криминал, за да утврди дали имало кривично дело при спроведувањето на тендерот за набавка на софтверот на оваа институција. При извршениот претрес е одземена тендерската документација, со која треба да се утврди дали се почитувани законските постапки при […]

Членот на Судскиот совет Зоран Теофиловски и седум други лица под истрага за злоупотреба на службена должност

декември 30, 2019

Одделот за организиран криминал при МВР и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведе истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело  – Злоупотреба на службена положба и овластување предвидено и казниво по член 353 став 5 од Кривичниот законик. Меѓу нив е членот на […]

Кривична за „Инфомакс“ поради објавената фотка од исказот на Камчев

септември 24, 2019

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО) соопшти оти поднело обвинителен предлог против лицето коешто на 23 август преку интернет порталот „Инфомакс“ ја објавило првата страница од записникот за примање кривична пријава во случајот „Рекет“, во која бил содржан исказот на бизнисменот Орце Камчев даден пред јавната обвинителка Вилма Рускоска на 2 мај годинава. Како што информираат […]

ОЈО: Завршена истражната постапка за осомничените во „Рекет“

септември 23, 2019

По севкупната анализа на прибраните материјални и вербални докази, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција што постапува во предметот познат во јавноста како „Рекет“, ја заврши истражната постапка за осомничените лица, известија од обвинителството. Од денеска тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица […]

Јанева по распитот: Не чувствувам вина, не знам дали ќе бидaм осомничена во „Рекет“

август 20, 2019

По четиричасовниот распит во Обвинителството за организиран криминал, шефицата на СЈО, Катица Јанева, во изјава за медиумите рече дека не чувствува вина за предметот „Рекет“, но и дека не знае дали истрагата ќе се води и против неа. – Ова е истрага и во истрага не се споделуваат информации. Ќе има најверојатно судење и таму […]

Страна 1 од 5