fbpx

Покрај во Македонија, e-go ја започна изградбата на фабрика за електрични возила и во Бугарија

-

Само неколку дена откако во ТИРЗ Тетово беше поставен камен-темелникот за новата фабрика за електрични автомобили од марката e-go, германската компанија денеска соопшти дека започнала изведба и на новата фабрика за електрични автомобили во бугарскиот град Ловеч, јавува Дневник.бг. Новата фабрика ќе биде лоцирана до бившиот завод „Балкан“ во Ловеч, каде во минатото се произведувале автомобили.

Изградбата на новата фабрика за електрични автомобили на „НЕКСТ.Е.ГО Бугарија“ ја потврдил и извршниот директор, архитектот Љубомир Станиславов за Бугарското национално радио. Планирано е првата серија електрични автомобили во фабриката во Ловеч да биде произведена на крајот од 2023 година, а сериското производство да започне во 2024 година.

Во Бугарија фабриката е планирано да се гради етапно, а да бидат отворени околу 1.000 нови работни места. Основните компоненти за возилата ќе се произведуваат во фабриката во Ловеч.

Инаку, изградбата на фабриката за електрични автомобили во Бугарија беше договорена пред една година од Кирил Петков, досегашен премиер на земјата и тогашен министер за економија.

Речиси паралелно со Бугарија, во Тетово на 13 август годинава се потпиша договорот за изградба на новата фабрика за електрични автомобили во ТИРЗ Тетово меѓу Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“.

„Нашиот стратешки фокус во Југоисточна Европа се заснова на нашето верување во конкурентниот екосистем на регионот, атрактивна инвестициска клима и пристап до поттикнат и талентиран човечки капитал“, порача Али Везваеи, претседавач на бордот на компанијата e.GO минатата сабота од Тетово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...