fbpx

Се раскинува договорот за фабриката за електрични автомобили во Тетово

Германската компанија поднела барање за несолвентност пред германските судови, по што македонската влада ги активираше заштитните механизми во потпишаниот договор

-

Тетово, сепак, засега нема да стане дом на фабриката за производство на електрични автомобили „е.Го“. Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), како застапник на Владата во договорот за доделување на државна помош со компанијата, вчера информираше дека договорот се раскинува.

Се запира и секоја постапка предвидена за доделување на јавни средства. Од ТИРЗ рекоа дека запирањето на државната помош следи по добиени јавно достапни информации за поднесено барање за несолвентност на компанијата-мајка во Германија. Барањето за несолвентност било поднесено пред надлежните германски судови.

„Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата ги активира заштитните механизми во потпишаниот договор, кои ги предвидуваат и овие околности (стечај, ликвидација), како предуслов за запирање на доделување на државна помош“, соопштија вчера од ТИРЗ.

Од Дирекцијата рекоа дека досега не се доделени никакви средства на компанијата, и покрај доставените барања од страна на инвеститорот.

Камен-темелник за несудената фабрика беше ставен во август 2022 година, а за време на церемонијата, присутните, меѓу кои беа и повеќемина владини претставници, рекоа дека се очекува германската компанија да отвори речиси 900 нови работни места и да исплаќа просечна бруто-плата од 1.340 евра.

Работните зафати за изградба на фабриката никогаш не завршија, и покрај многуте ветувања.

Во април минатата година, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека фабриката не добила никаква државна помош и оти нема да добие сè додека не ги почне активностите во Македонија.

Инвеститор на фабриката беше Љазим Дестани, сопственик на фирмата „Еколог“. Фабриката требаше годишно да произведува 30.000 електрични автомобили, од кои првиот се очекуваше да излезе во 2024 година.

„Пинг-понг“ со одговорноста за изградба на фабриката за електрични автомобили во Тетово

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...