„Пинг-понг“ со одговорноста за изградба на фабриката за електрични автомобили во Тетово

Инвестицијата што започна со голем залет од страна на институциите, не оди како што треба - досега се прекршени многу изјави и ветувања од функционери за изградбата на оваа фабрика во Тетово

-

На фабриката за електрични автомобили „Некст.Е.Го“ во Тетово не ѝ се гледа крајот, иако камен темелникот за истата беше фрлен пред година и пол. Работите на терен се влечкаат. За ова, надлежните институции изгледа не се грижат многу – не кажуваат каде е заглавена оваа постапка, а одговорноста ја префрлуваат едни на други, додека некои други и молчат, пишува Порталб.мк.

Инвестицијата што започна со голем залет од страна на институциите, не оди како што треба – досега се прекршени многу изјави и ветувања од функционери за изградбата на оваа фабрика во Тетово. За да видиме каде стои оваа постапка, контактиравме неколку институции кои топката ја фрлаат една на друга.

Владата на Северна Македонија молчи на новинарските прашања за оваа фабрика.

Од Министерството за економија нè упатија до Комисијата за заштита на конкуренцијата.

„Во врска со процесот на изградба на фабриката за електрични автомобили во Тетово, за информации до каде е постапката, обратете се до Комисијата за заштита на конкуренцијата“, рекоа од Министерството за економија.

Но, од Комисијата за заштита на конкуренцијата топката ја префрлаат кај Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ).

„Во врска со вашето прашање, ве информираме дека Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони е надлежна институција што го води овој проект и е давател на државната помош во конкретниот случај“, рекоа од Комисијата за заштита од конкуренцијата.

Прашавме и во Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМ, а и тие топката ја префрлија кај Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони на Република Северна Македонија.

„Околу изградбата на фабриката за електрични автомобили во Тетово, нејзиниот тек и деталите околу овој проект, имајќи предвид дека надлежната институција што го потпишала договорот е Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони на Република Северна Македонија (ТИРЗ), бараните информации можете да ги добиете од страна на надлежната институција“, рекоа од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМ.

Од друга страна, од ТИРЗ велат дека тие ги завршиле нивните задачи и оти чекаат мислење од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

„Сите постапки од Дирекцијата се завршени, Владата го усвои и Договорот за закуп на земјиштето. Сега веќе неколку месеци се чека мислење од Комисијата за заштита на конкуренцијата, кои се составен дел од постапката. Наскоро очекуваме позитивно мислење од Комисијата, со што компанијата ќе може да отпочне со изградбата“, рекоа од ТИРЗ.

Во врска со ова, повторно упативме прашање до Комисијата за заштита на конкуренцијата, од каде рекоа оти не им е јасно какво мислење се бара од нив.

„Комисијата за заштита на конкуренцијата, како надлежен орган за контрола на државната помош, со Одлука бр. 10-110 од 10.08.2022 година, го одобри планираното доделување на државна помош за НЕКСТ.Е.ГО во ТИРЗ Тетово, по добиеното известување од страна на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони како давател на државната помош. Што се однесува до вашата порака, не е јасно какво мислење се чека од Комисијата“, рекоа од Комисијата за заштита од конкуренцијата.

За тоа какво мислење се чека од оваа комисија, ТИРЗ не одговори на новинарското прашање.

И додека институциите не можат да се координираат, граѓаните сè уште ја чекаат новата фабрика во Тетово.

Меѓу речено и направено, поминува една цела планина: Многу ветувања, (ниту) една активност на терен

На седницата на Владата на РСМ од 11 август 2022 година беше усвоена државната помош за новата фабрика со современа технологија за производство за електрични автомобили во Технолошката индустриска развојна зона во Тетово.

Додека за означување на почетокот на работните зафати кои не завршија и до ден денес, Владата на РСМ, предводена од премиерот Димитар Ковачевски на 13 август 2022 година се собраа во Тетово во ТИРЗ.

Пет месеци потоа, на 30 јануари 2023 година, директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, образложи дека имало проблем со парцелата каде што се постави камен темелникот и дека е изнајдено решение во една парцела во близина на истата и дека работите ќе почнат набрзо, а вети дека ќе завршат во предвидениот рок во 2024 година.

Два месеци потоа, на 24 март 2023 година, министерот за економија Крешник Бектеши рече дека за еден месец ќе почне изградбата, но ни ова не се случи.

На 6 април 2023 година, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека фабриката за електрични автомобили во зоната во Тетово во согласност со договорот не добила никаква државна помош и нема да добијат сè додека не почнат со активности.

Инаку, мултимилионската инвестиција на „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ“, Ахен, Германија во ТИРЗ Тетово се очекува да отвори три до четири илјади нови работни места.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...