fbpx

План за раст на Западен Балкан: Лидерите во регионот задоволни што се дискутира за економија, а не за политика

Лидерите на балканските земји го поздравија планот, бидејќи, како што рекоа, содржи конкретни чекори кои би ги помогнале земјите во регионот во блиската иднина, а не се состои само од ветувања за придобивките кои би следеле тек по членството во ЕУ

-

Зелени коридори, Единствената европска платежна област (СЕПА) и финансиски инструменти од 6 милијарди евра беа главните предлози на Планот за раст на Европската унија за земјите од Западниот Балкан. Лидерите на земјите од регионот, заедно со претставници од ЕУ и САД, денеска во Скопје јавно ги дискутираа своите перспективи на овој план.

На состанокот, чиј домаќин е премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски пристигнаа претседателот на Србија Александар Вучиќ, како и премиерите на Албанија, Косово и Црна Гора – Еди Рама, Албин Курти и Милојко Спајиќ. Присутни се и помошник-државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан, и генералниот директор за соседство и преговори за проширување во ЕК, Герт Јан Копман.

„Тој план претставува повеќестран инструмент ги надминува економските стратегии. Тој претставува реална движечка сила и го осветлува патот кон меѓуповрзана и просперитетна иднина на Западен Балкан, бидејќи се стреми кон заедништво со Европското семејство“, рече Ковачевски.

Лидерите на балканските земји го поздравија планот, бидејќи, како што рекоа, содржи конкретни чекори кои би ги помогнале земјите во регионот во блиската иднина, а не се состои само од ветувања за придобивките кои би следеле тек по членството во ЕУ. Сметаат дека ваквите иницијативи претставуваат добар механизам за поплочување на патот до ЕУ.

Дополнително, неколку од лидерите коментираа на квалитетот на досегашната комуникација во процесот на изработката на овој план, истакнувајќи дека е добар знак досега се дискутирале проблемите од економска, а не од политичка перспектива.

„Се работи за надеж. Со малку работа може да се подобрат работите – тоа претставува оваа средба“, изјави Џејмс О’Брајaн, заменикот на генералниот директор за Западен Балкан во Европската служба за надворешни работи.

Мерките воглавно се засегнати за отворање на регионалниот пазар и локалната трговија меѓу шесте земји во Западниот Балкан кои не се членки на ЕУ, односно Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина. Ова би се постигнало преку усогласување со правилата на единствениот пазар на ЕУ, како и преку т.н. „зелени ленти“ кои драстично би го налаиле времето на чекање за шпедитерските камиони меѓу границите на земјите во Западниот Балкан.

На средбата на лидерите во регионот се зборуваше и за единствената европска платежна област (СЕПА). Според О’Брајaн, со членството во СЕПА странските инвеститори би заштедиле 5 проценти при секое префрлување на пари.

Можеби најатрактивната мерка која беше дискутирана е планираната финансиска поддршка од 6 милијарди евра (две милијарди во грантови, а четири милијарди во форма на кредит) за регионот.

О’Брајан исто така ја потенцираше уникатноста на овој план во споредба со други претходни понуди од Европската унија токму поради практичноста на планираните чекори кои се во план во блиската иднина.

„Постојат многу инцијативи каде луѓе како мене зборуваат во микрофони, но треба да видиме што се случува меѓу тие говори“, изјави О’Брајан.

Одговорајќи на поздравот на О’Брајан кон регионалните лидери за преземањето на овој ризичен чекор, претседателот на Србија Алекснадар Вучиќ изјави оти не гледа политички ризик во овој план, туку едноставно подобрување на атмосферата за бизнис во регионот.

Премиерот на Албанија Еди Рама исто така го поздрави планот, особено во споредба со, според него, досега неадекватната поддршка од ЕУ за земјите од реигонот.

„Досега процесот бил ‘Ќе добиеш сè кога си во ЕУ, до тогаш ништо’. Јазот меѓу тоа што ние, а што членките добиваат од Унијата е запрепастувачки. Во ЕУ се вложува околу 4000 евра од човек годишно, а во земјите на Западниот Балкан 123 евра. Знам дека го заслужуваме тоа бидејќи не сме најдобрите дечки во Европа, но јазот сепак постои“, изјави Рама.

Рама ја поздрави досегашната отворена комуникација при подготвувањето на овој план и им порача министрите за интеграција во ЕУ на земјите во реигонот да се „далтонисти“ во однос на боите на знамињата на земјите, односно да ги остават зад себе политичките неусогласувања и да работат на полиса која би го помогнала целиот регион.

Премиерот на Албанија Еди Рама коментираше дека се чувствува енергизирано од планот и дека е историски настан тоа да е човек енергизиран од евроинтеграциски процес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бизнис идеите на младите презентирани на првиот ден од Стартап Викенд Охрид

Викендов, од 26 до 28 април се организира второто издание на Стартап Викенд Охрид, настан кој е најголем од ваков тип во државата, а кој започна вчера попладне и...