Најиграната игра за мобилни “Genshin Impact” добива нов голем апдејт наречен “Sumeru”

Genshin Impact Sumeru Слика од HoYoverse
Screenshot од играта

Најиграната игра за мобилни “Genshin Impact” добива нов голем аптејт наречен “Sumeru”. Се работи за нова голема нова Open World мапа, иако и светот во “Genshin Impact” веќе е многу простран. Играта ја имаме споменато и во претходни написи. Се работи за кинеска игра, која е број еден игра за мобилни во светот.

Според мерењата од јуни 2022 година, играта во просек има повеќе од 62 милиони играчи. Од неодамна се игра и на PC и на мобилен телефон, и е тотално бесплатна, а може да напредувате низ играта без да потрошите ниту денар на неа. На PC може да се игра и преку GFN. Проследете го трејлерот за најновиот 3.0 апдејт и атмосферата во играта:

Идејата на играта е да се направи чувство како да се учествува интерактивно во Аниме авантура, како да учествувате во анимиран филм, иако анимето е посебна категорија. Исто како што мангата не е само стрип туку е манга, со оваа спецификација се согласуваат повеќето фанови на двете.

Графиката во играта е впечатлива и потсетува на најновите Legend of Zelda игри. Шумските предели, замоците, градовите и занданите со загатки се прекрасно сработени, шумите се со пространи зелени полиња, преслапи и ридови, прекриени со дрвја со длабоки сенки, езера, реки и водопади со скриени пештери, морски песочни брегови, цвеќиња и плодови насекаде што можете да ги собирате за готвење.

Готвењето е една од многуте вештини со собирање и “крафтање”. Исто така, можете и да копате руда и ја давате на ковачи во градот за да ви направат нови подобри оружја. Со зготвената храна можете да го полните здравјето и да “воскреснувате” ликови ако ви погинат во борба.

Најавено е дека во новиот 3.0 “Sumeru” апдејт собирањето и “крафтањето” ќе бара многу помалце “grind”, односно ќе оди полесно и побрзо и во поголеми количини на собрани материјали. Во играта собирате книги и “скролови” што можете да ги читате, кои ви зголемуваат искуство и атрибути, што е интересен начин да се поттикне читањето книги кај помладите.  

Доколку сакате да играте со пријатели, играта има малку несоодветно барање за да може да се групирате со други луѓе. Таа бара да имате главен левел над 14, притоа не се работи за левел на карактер што го играте, туку на општиот ваш главен левел. За различни ситуации играте различни карактери, за одредени ситуации користите херој базиран на оган да пали факели за да се отклучат ковчези со “loot” – што ќе добиете е сосема случајно, а од време на време и “се паѓаат” добри оружја и други корисни работи.

Има ликови базирани на елементите вода, воздух, оган, земја, електрицитет, дури има и нови елементи и многу различни херои со кинески имиња што не се запамтуваат лесно, но играчите ги отклучуваат специјалните херои кои се најефикасни во моментот за повеќе ситуации.

Имате главен карактер, но менувате ситуационо ликови кога сакате. Главниот карактер го бирате на почетокот и се заснова на магии за воздух, командува ветришта и има специјални потези како и секој различен карактер, а почетното оружје му е еднорак меч. Бирате помеѓу два лика – машко и женско кои се брат и сестра. Ако го одберете братот за да биде херојот на приказната, тогаш сестрата станува антагонист и обратно.

Во новиот Sumeru “апдејт” ќе има неколку видови на нови херои, од кои двајца стрелци со интересни “area of effect” “улти” магии. Улти магиите се специјален потег со поголема анимација во ефекти на различни елементи и на повеќето “гејмери” оваа карактеристика им е позната и од Dota 2 и LOL. “Комбатот” е добар и “се чувствува кога се прави удар или удари”. A ќе биде додаден и нов елемент наречен “Dendro” базиран на командување со природа и зеленило. Интересното во “комбатот” е што можете и да комбинирате различни елементи за различни ефекти.

Загатките се интересни, но играта ве условува да правите “данџни” по одреден редослед. Едни од поинтересните работи во занданите се “Jumping Puzzles”, но се пократки во однос на оние “Jumping Puzzles” кои се усовршени во “Guildwars 2”.

Кога сме кај “Guildwars 2”, во играта за западен пазар иконката за некромансер е костурска глава, додека во Кина тоа е цензурирано со друг симбол. Исто така, кинеската верзија е многу поцензурирана од западната верзија, каде се истакнува и сексипил кај женските ликови. Играта е и за деца и за возрасни, но за деца е потребен надзор од родител или старетел којшто би одлучил дали смее неговото дете да ја игра играта, бидејќи има секакви аниме ликови.  

Во зависност од регионот, најновиот “апдејт” за играта наречен 3.0 “The Morn A Thousands Roses Bring”, или едноставно “Sumeru”, ќе излезе на 23 или 24 август.