Извештајот од германските експерти за воведување уставна жалба ќе се промовира на регионална конференција

Претставниците од ИРЗ информирале дека завршниот извештај со наслов „Сеопфатна и ефикасна уставна жалба како средство за зголемување на правната заштита на граѓаните“ е изготвен во нацрт-верзија, а конечната верзија ќе биде претставена на регионална конференција

-

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска оствари онлајн средба со претставници на германската фондација за правна соработка (ИРЗ) на чело со Штефан Пирнер, раководител на проектна област, експерти за уставно право од Сојузна Република Германија и претставници на амбасадата на СР Германија во Република Северна Македонија, информираат од Уставниот суд.

На оваа работна средба претставниците на ИРЗ ги презентирале досегашните активности од проектот кој се спроведува со цел промоција на уставната жалба како средство за заштита на слободите и правата на граѓаните во Република Северна Македонија.

Претставниците од ИРЗ информирале дека завршниот извештај со наслов „Сеопфатна и ефикасна уставна жалба како средство за зголемување на правната заштита на граѓаните“ е изготвен во нацрт-верзија, а конечната верзија ќе биде претставена на регионална конференција којашто треба да се одржи на крајот од месец ноември оваа година во заедничка организација на Уставниот суд и ИРЗ.

Заедничка констатација била дека еден ваков регионален настан ќе биде од огромно значење и важност со оглед на тоа дека претставува можност за промоција на воведувањето на уставната жалба во Република Северна Македонија. Исто така, овој настан ќе биде одлична можност за претставници од уставни судови од други држави, професори по уставно право и претставници од граѓанскиот сектор да ги изнесат своите ставови во врска со воведувањето и значењето на уставната жалба.

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска го нагласила значењето на целокупната досегашна соработка со фондацијата, а особено сегашниот ангажман во делот на промоција на воведувањето на уставната жалба во Република Северна Македонија.

Покрај ова, од нејзина страна биле изнесени ставови и информации по однос на можните идни нормативни решенија кои би го замениле постојниот Деловник на Уставниот суд донесен во 1992 година и како да се уреди постапката за заштита на слободите и правата пред Судот.

Оддржан онлајн состанок на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на РСМ и Украина

Членови на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Врховната рада остварија онлајн состанок со своите колеги од Украина, при што беа повторени заложбите за понатамошно јакнење на поддршката...

Маржата за трговија на мало и големо се ограничува на 10 проценти до крајот на април

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на ограничувањето на маржите и колкаво намалување на цените се очекува од таа мерка, изјави: „Па очекувам. Во текот на...

Интерпелацијата за членови на Судскиот совет наспроти Законот за СС

Краток преглед на Деловникот на Собранието и Законот за Судски совет покажува дека не постои поврзаност помеѓу интерпелацијата што ја поднесоа пратениците на владејачките партии во Собранието и законските можности, бидејќи...

ЗНМ и ССНМ најостро ги осудуваат кампањите за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најостро ја осудува тековната кампања за оцрнување насочена кон независните и критички настроени медиуми. Оваа кампања...

Оддржан онлајн состанок на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на РСМ и Украина

Членови на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Врховната рада остварија онлајн состанок со своите колеги од Украина, при што беа повторени заложбите за понатамошно јакнење...