Никаде во Европа не е дозволено 8 годишни деца да прават што сакаат со своето тело

Во 13 од 28 земји членки на ЕУ, се применуваат генералните правила за операција. Во овој контекст, возраста за ваква операција без потребата да се согласи на неа родителот е 18 години во Бугарија, Кипар, Грција, Франција, Унгарија, Романија и Словачка, а 15 годишна возраст за Словенија

Image by Sasin Tipchai from Pixabay

Не постои земја во Европа каде операциите за промена на полот се дозволени на 8 годишна возраст. Возраста за ваква операција без потребата да се согласи на неа родителот е 18 години во Бугарија, Кипар, Грција, Франција, Унгарија, Романија и Словачка, а 15 годишна возраст за Словенија.  Исто така, во Австрија, Чешка, Хрватска, Данска, Финска, Италија, Латвија, Литванија, Холандија, Полска, Португалија, Шпанија и Шведска возраста за ваква операција е 18 години. Во Обединетото Кралство е 16 години, во Шкотска 17, во Англија и Велс 18 години. Во Хрватска дозволено е да се направи ваква операција и пред 18 годишна возраст, ама само со согласност од родителите, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:

ЕУ вредности дете од 8 години да има право што сака да прави со неговото тело алооо знаете ли на каде ве водат овие сатанисти.

Европската комисија има стратегија за заштита на правата на децата, но во неа не е уредено тоа што го пишува во постот, односно дека дете од 8 години има право што сака да прави со неговото тело. Стратегијата на ЕУ за правата на децата е развиена за децата и заедно со децата.  Децата треба да имаат пристап до информациите на соодветен начин прилагоден за нив, за да можат јасно да знаат кои се нивните права и што планира ЕУ да направи за нив. Затоа стратегијата е презентирана и во посебен формат кој може да го разберат и децата и може да се пронајде на следниот линк.

Како што може да се види од стратегијата таа е фокусирана на инклузивно квалитетно образование, заштитата од насилство, помош кон децата бегалци, овозможување на здравствена заштита на сите деца, заштита од насилство и законодавство кое ќе ги опфати потребите на децата, да се заштитат децата од сиромаштија, да им се обезбеди квалитетна храна и адекватно домување.

Во Европа, 18,3 проценти од популацијата ја сочинуваат децата. Од нив 22.2 проценти се во ризик од сиромаштија и социјална исклученост. Една половина од децата во светот се жртви на насилство. Во 2020 година, една третина од сите баратели на азил во земји членки на ЕУ се деца.

Исто така, во ЕУ 33 проценти од девојчињата и 20 проценти од момчињата наишле на вознемирувачка содржина онлајн во 2020 година, барем еднаш месечно. Базирано на овие факти, Европската комисија ја има формирано својата стратегија со која се прават напори да се одговори на најгорливите проблеми за децата да растат посреќно и побезбедно.

In the EU 33% of girls and 20% of boys experienced disturbing content online once a month in 2020
Што се однесува до операциите за промена на полот, (исто така познати како операција за потврдување на полот), кои претставуваат процес на усогласување на физичкиот изглед и гениталии во согласност со нечиј родов идентитет, не постои земја во Европа каде тоа е дозволено на 8 годишна возраст.
Во 13 од 28 земји членки на ЕУ, се применуваат генералните правила за операција. Во овој контекст, возраста за ваква операција без потребата да се согласи на неа родителот е 18 години во Бугарија, Кипар, Грција, Франција, Унгарија, Романија и Словачка, а 15 годишна возраст за Словенија.
Исто така, и во Австрија, Чешка, Хрватска, Данска, Финска, Италија, Латвија, Литванија, Холандија, Полска, Португалија, Шпанија и Шведска возраста за ваква операција е 18 години. Сè на сè, дваесетина земји членки дозволуваат ваква операција само кај полнолетни лица. Во Хрватска дозволено е да се направи ваква операција и пред 18 годишна возраст ама само со согласност од родителите. Во Обединетото Кралство е 16 години, во Шкотска 17, во Англија и Велс 18 години.

Не постои земја во ЕУ каде на 8 години детето може да даде согласност за полово општење со возрасен. Во сите земји тоа се третира како кривично дело педофилија и се казнува со ригорозни затворски казни.

Конвенцијата за правата на детето е конвенција на Обединетите нации и важен договор меѓу земјите кои се заложија да ги штитат правата на децата. Во конвенцијата се објаснува кои се децата, нивните права, како и одговорноста на владите кон нив. Сите права се поврзани, се еднакво важни и не може да им се земат на децата. Дел од правата во Конвенцијата се тоа детето да биде регистрирано во матичната книга на родените веднаш по раѓањето, детето да не се разделува од родителите освен ако не е во негов најдобар интерес и судски одлучено, да има право да се изразува слободно, слободно да мисли, право на вероисповед итн. Има многу права кои се опфатени во Конвенцијата за правата на детето со оглед на тоа што се работи за обемен документ и може да го погледнете овде.

Во Конвенцијата се наведува дека децата имаат право на заштита од сите видови експлоатација, дури и од таа што не е спомената во конвенцијата. Според Конвенцијата владите мора да се грижат за тоа децата да не се киднапираат или да се носат во други држави за да бидат експлоатирани. Децата имаат право да бидат заштитени од работа која е лоша или опасна за нивното образование, здравје или развој. Владите мора да ги заштитат децата од насилство или запоставување од тие кои се грижат за нив.

Како 34 точка од Конвенцијата за заштита на правата на децата се наведува тоа дека владите мора да ги заштитуваат децата од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба, вклучително и од луѓе кои ги принудуваат децата да имаат секс за пари, или ги фотографираат на неприкладен начин или ги снимаат. Затоа детската порнографија се казнува и е кривично дело во цела Европа.

Кога ќе се погледне Конвенцијата за заштита на правата на децата и нејзините точки, односно најважните аспекти на кои се фокусираат европските директиви и закони, евидентно е дека сè во документот е во најдобриот интерес на децата, сеопфатниот нивен развој и се водело сметка за различни аспекти и на најранливите деца и на оние кои имаат функционални семејства. Според Конвенцијата за заштита на децата, дете е секоја индивидуа помлада од 18 години. Фокусот е на здравствената заштита, правото на образование, заштита од насилство, правото на дом, заштита од секаков вид експлоатација итн.

Домашното законодавство, како и законодавството на земјите членки на ЕУ ги штити правата на децата, односно нивната безбедност, право на образование, здравствена заштита, заштита од насилство, право на безбеден дом итн. Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е точно дека 8 годишните деца имаат право да прават што сакаат со своите тела и дека тоа се европски вредности.