fbpx

Членството во ЕУ ќе ги задржи младите дома и ќе отвори фондови од 1 милијарда евра годишно

Премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање изјави дека со членството во ЕУ, Северна Македонија ќе стане дел од трговската суперсила

-

Членството на Северна Македонија во Европската Унија ќе ги задржи младите дома, а на земјава ќе ѝ отвори можност да користи по 1 милијарда евра годишно од структурните и кохезионите фондови. За ова зборуваше вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на вчерашната трибина „Ние сме Европа“ што се одржа во центарот на Скопје.

„Ако сега користиме 1 милијарда евра преку ИПА проектите за 15 години, кога ќе бидеме држава членка на ЕУ ќе користиме од структурните и кохезионите фондови 1 милијарда годишно, тоа е огромна разлика. За изминатите 15 години ние имаме 1 милијарда, а Хрватска откако е членка за 10 години има искористено 25 милијарди евра. Затоа е возможно да се денес во еврозоната, затоа е возможно да се денес во Шенген зоната, затоа нашите млади луѓе денес одат да работат во Хрватска“, изјави вицепремиерот Маричиќ.

На трибината „Ние сме Европа“ зборуваа и премиерот Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши, амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава, Хозе Луис Лозано Гарсија, како и Ирена Јакимовска од Комфи Ангел и Благица Петрески, извршна директорка на Институт за економски истражувања, Finance Think.

Благица Петрески од Институтот за економски истражувања рече дека економските бенефити се клучна придобивка од преговорите со ЕУ и не се прашање за кое треба да се зборува, туку едноставно тоа може да се почувствува преку платите, пензиите, животниот стандард на студентите, животниот стандард на децате и условите во кои живеат, нагласувајќи дека процесот за членство во ЕУ е тој којшто може да ги подобри сите овие аспекти.

„Овој процес на преговори ни претставува прво крајна цел и форма на регулатива која треба да ни го покаже правиот пат. За одредени структурни реформи како што се затворање на јадовите на пазарот на труд, како што се зголемување на писменоста нас ни се потребни реформи кои може да траат и со децении. Ние денес треба да започнеме со реформи во образование за после 10 години да имаме кадар од кој ќе излезе работна сила за која ќе кажеме дека може да придонесе, која е доволно продуктивна за компаниите да остварат профит или за да ја подигнеме економијата“, објасни Петреска.

Јакимовска, пак, рече дека тие во Комфи Ангел се Европа, бидејќи нивниот купувач, а истовремено и добавувач е она нешто што е многу клучно и битно во целиот бизнис и циклус во креирањето на една компанија и нормално почитување на нивниот купувач, како едни од европските стандарди кои ги практикуваат и промовираат во оваа компанија.

„Фактот што нашите купувачи се во Европа немаме друга алтернатива освен да работиме по европските стандарди и така треба да биде во секој дом во секоја компанија во цела држава“, додаде таа.

Премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање изјави дека со членството во ЕУ, Северна Македонија ќе стане дел од трговската суперсила.

„Во изминатите 30 години поддршката на ЕУ се проценува на над 3,3 милијарди евра преку грантови и макрофинансиска поддршка и тоа ние, и како држава, и како граѓани го гледаме во зголемените инвестиции, во зголемените плати, намалената невработеност, зголемената вработеност за кои зборував претходно. Влезот во ЕУ пак дополнително ќе ги зајакне позициите за нашите компании, ќе отвори нови трговски перспективи со што очекувано е да се обезбедат одржливи стапки на раст на БДП што пак во крајна линија ќе значи повеќе пари кај граѓаните и подобар животен стандард“ рече премиерот Ковачевски.

Премиерот во своето обраќање истакна дека економската моќ на Европската Унија е огромна. Учество на ЕУ во светската економија и тргување е 16 отсто и тие само во 2021 година имаат направено извоз од 2,18 трилиони евра. Со членството на Северна Македонија во ЕУ, нашата земја ќе стане дел од трговската суперсила.

Покрај претседателот на Владата, на трибината свое излагање имаше и министерот за економија Крешник Бектеши.

„ЕУ е економско чудо што не дозволува десет или 20 луѓе да ја држат државата во заложништво. Ние како држава мора да работиме за младите, за нашите идни генерации да бидат успешни”, кажа министерот Бектеши и сподели пример.

„Од осамостојувањето до сега можеме да наброиме 10-15 бизнисмени кои се најголеми во оваа држава. Затоа ние како држава треба да работиме, младите нивната иднина да не ја гледаат во администрација, туку да работат, да станат конкурентни на пазарот и да сакаат да работат во приватниот сектор. Да сакаат да им конкурираат на овие олигарси“, истакна на трибината министерот за економија, Крешник Бектеши.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...