Обвинителите ја одбија жалбата, суспензијата на Русковска останува во сила

-

На денешната 63 седница, која не беше отворена за јавноста, членовите на Советот на јавни обвинители едногласно ја одбија жалбата на шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска.

За отфрлање на нејзината жалба гласаа обвинителите Антонио Јолески, Изет Мемети, Фаик Арслани, Влатко Георгиевски, Фиданка Рајевска, Коле Штеријов, Арбер Исаку, Касна Жежова. Со тоа нејзината суспензија останува во сила до одлуката за дисциплинската постапка.

На 19 август, кога шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја поднесе жалбата, изјави дека со нејзината суспензија се суспендира правото и правдата во земјава.

Русковска исто така рече дека новинарите треба да истражат дали имало политички влијанија за нејзината суспензија и ги отфрли сомнежите дека за таа одлука имало притисоци од сегашната влада. Но, таа не сакаше да прецизира која е позадината за суспензијата со образложение дека не сака да се „најде на суд поради клевета“.

Советот денеска одлучуваше само за суспензијата, а во меѓувреме си тече дисциплинската постапка против Русковска и против обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска.

Републичкиот јавен обвинител минатата недела донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и поднесе предлог за поведување на дисциплинска постапка за утврдување на нејзина одговорност и за обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда при претресот во Финансиската полиција.

Паралелно со суспензијата на Русковска директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми поднесе оставка од фунцијата и поднесе кривична пријава против Робвинителката.

Владата вчера соопшти и дека е разрешен првиот човек на државното правобранителство, Фехми Стафа.

Русковска: После ова што ми се случи, не верувам дека друг обвинител сериозно ќе продолжи да постапува по предметите

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...