четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: суспензија | 26 резултати

Твитер ги избриша профилите на новинари кои известуваат за Илон Маск

декември 16, 2022

Твитер ги суспендираше сметките на новинарите што известуваат за платформата за социјални медиуми и нејзиниот нов сопственик Илон Маск, а меѓу суспендираните се новинари на Њујорк Тајмс, Вашингтон Пост, Си-Ен-Ен, Гласот на Америка и други медиумски организации, јави Асошиејтед прес. Твитер не им објасни на новинарите зошто се отстранети нивните профили, но Маск вчера вечерта […]

Трајче Пеливанов назначен за привремен шеф на местото на суспендираната Русковска

август 29, 2022

Обвинителот Трајче Пеливанов привремено ќе ја врши функцијата прв човек Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, до истекот на суспензијата на Вилма Русковска. Одлуката е донесена на денешната 64. седница на Советот на јавни обвинители од каде што објаснуваат дека е назначен привремен шеф бидејќи станува збор за обвинителство каде што се гони сериозен […]

Обвинителите ја одбија жалбата, суспензијата на Русковска останува во сила

август 24, 2022

На денешната 63 седница, која не беше отворена за јавноста, членовите на Советот на јавни обвинители едногласно ја одбија жалбата на шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска. За отфрлање на нејзината жалба гласаа обвинителите Антонио Јолески, Изет Мемети, Фаик Арслани, Влатко Георгиевски, Фиданка Рајевска, Коле Штеријов, Арбер Исаку, Касна Жежова. Со тоа нејзината […]

Русковска: После ова што ми се случи, не верувам дека друг обвинител сериозно ќе продолжи да постапува по предметите

август 19, 2022

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска денеска поднесе жалба до Советот на јавни обвинители за нејзината суспензија. Во изјава за медиумите таа не сакаше да каже детали за содржината, со образложение дека прво Советот треба да се запознае со жалбата, па потоа и јавноста. Русковска истакна дека предметите што ги водела треба да […]

Дисциплинска постапка за тројца јавни обвинители, Вилма Русковска е суспендирана

август 16, 2022

Во согласност со членот 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот […]

Двајца цариници ќе бидат суспендирани од работа, а нивниот раководител санкциониран

ноември 25, 2021

Двајцата цариници кои биле на смена кога кобниот автобус на „Беса транс“ излегол од државата ќе бидат суспендирани од работа бидејќи излезот на возилото не го евидентирале електроснки. Нивниот раководител ќе биде санкциониран. Ова сноншти го најавија преку соопштение од кабинетот на директорот на Царината. „Првичните наоди од внатрешната контрола покажуваат дека на 18.11.2021 година, […]

Се вжештуваат реакциите на спротивставените страни за висококатниците кај Холидеј Ин

април 21, 2021

Секоја од спротивставените страни во однос на изградбата на висококатници на просторот спроти Холидеј Ин денеска излезе со пожестоки ставови во однос на темата. Жителите од Ново Маало, кои го поддржуваат инвеститорот МГ Фешн за изградба на трите висококатници, денеска до Владата на РСМ и Општина Центар доставија петиција со преку 330 потписи од жители […]

Инспектор од СВР Скопје доби кривична пријава за кражба на златен накит

ноември 4, 2017

Ж.И. кој бил главен инспектор во Сектор за внатрешни работи – Скопје, е суспендиран и доби кривична пријава од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР. Полицијата го обвинува дека сторил злоупотреба на службената положба и овластувања, односно при увид за тешка кражба во куќа, украл златен накит. Како што извести […]

Шпанија в сабота ќе ја почне постапката за укинување на автономијата на Каталонија

октомври 19, 2017

Шпанската влада денеска соопшти дека в сабота ќе одржи вонредна седница и ќе ја почне постапката за укинување на автономијата на Каталонија. Владата на Народната партија на десниот центар, која е на власт од 2011 година, в сабота ќе одржи вонреден состанок на министрите, по кој би требало до шпанскиот парламент да испрати предлог-мерки од […]

Шпанскиот суд ја суспендира седницата на каталонскиот парламент за прогласување независност

октомври 5, 2017

Уставниот суд на Шпанија го суспендираше одржувањето на седницата на каталонскиот парламент, закажана за понеделник, на која требаше еднострано да биде прогласена независноста на Каталонија, јавуваат шпанските медиуми. Според судот, таквиот потег би бил кршење на шпанскиот устав. Администрацијата на лидерот на Каталонија, Карлес Пуџдемон, претходно соопшти дека планира да прогласи независност на покраината на […]

Европратеник суспендиран поради сексизам

март 14, 2017

Европскиот парламент денеска суспендираше полски пратеник на 10 дена откако за време на дебата изјави дека жените треба помалку да заработуваат од мажите затоа што се „послаби, понежни и помалку интелигентни“. Претседателот на парламентот, Антонио Тајани, рече дека Јануш Корвин Мике е суспендиран од обврските во парламентот на 10 дена, нема да добива дневници 30 дена […]

ЕУ: Повикот за суспензија на дијалогот со Белград не е во интерес на Косово

март 9, 2017

Повикот за суспензија на дијалогот меѓу Косово и Србија, во усвоената резолуција на косовскиот парламент, не придонесува за нормализирањето на односите меѓу Белград и Приштина и не е во согласност со досегашната посветеност на Косово на тој процес, соопштила денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Парламентот на Косово усвои […]

Разрешени 291 вработен во турската морнарицата

ноември 13, 2016

Турското министерство за одбрана привремено суспендира 168 офицери и 123 подофицери од морнарицата, поради сомневање дека се поврзани со обидот за државен удар, извршен 15 јули. Како што јавуваат турските медиуми, министерство за одбрана им додели откази на 15 офицери и на четворица подофицери од флотата. По неуспешниот обидот за преврат, турските власти им доделија […]

Русија и Сирија ги суспендираа воздушните напади на Алепо

октомври 18, 2016

Руската и сириската воена авијација ги прекинаа воздушните напади на градот Алепо, во пресрет на осумчасовниот прекин на огнот закажан за четврток оваа недела, поради хуманитарни причини, соопшти Москва. Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, како што пренесува „Би-би-си“, изјавил дека воздушните напади биле суспендирани утринава. Тој ги повикал бунтовниците и цивилното население, кои […]

Унгарија треба да биде избркана од ЕУ, смета шефот на луксембуршката дипломатија

септември 13, 2016

Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, повика членството на Унгарија во Европската Унија да биде привремено суспендирано, па дури и земјата да биде избркана од Унијата, поради „масовните прекршувања“ на фундаменталните вредности на ЕУ, пренесува „Би-би-си“. Тој ја критикувал владата во Будимпешта за нејзиниот третман на бегалците, независноста на судството и за слободата […]

Две години суспензија за Шарапова поради позитивниот тест за допинг

јуни 8, 2016

Руската тенисерка Марија Шарапова доби двегодишна суспензија за натпреварување поради позитивниот тест за допинг што го имаше на „Австралија опен“, соопшти Меѓународната тениска асоцијација (ИТФ). ИТФ ја одреди казната за Русинката, која беше позитивна на супстанцата „мелдониум“, која од 1 јануари 2016 година е на списокот забранети супстанци. Лекот се користи за срцеви заболувања, но помага […]

Платини останува под суспензија, арбитражниот суд му ја отфрли жалбата

декември 11, 2015

Арбитражниот суд за спорт ја отфрилил жалбата на претседателот на УЕФА, Мишел Платини, со која тој бара да му биде укината суспензијата од 90 дена, јавува „Би-Би-Си“. Поради суспензијата, на претседателот на УЕФА му се забранети какви било активности поврзани со фудбалот. Платини и претседателот на Светската фудбалска организиација (ФИФА), Сеп Блатер, беа суспендирани на […]

Светската антидопинг агенција бара суспензија за Русија

ноември 9, 2015

Русија треба да биде суспендирана од атлетските натпреварувања, препорача денеска Светската антидопинг агенција (WADA). Независна комисија на агенцијата ги истражува обвиненијата дека руските атлетичари ги плаќале своите претставници за допинг да ги снабдуваат со забранети супстанци и да им ги прикриваат резултатите од тестовите, додека Меѓународната атлетска федерација е обвинета за прикривање и за злоупотреби. Исто […]

Обединетите нации ја прекинаа хуманитарната помош во Сирија

октомври 3, 2015

Обединетите нации ќе ги прекинат хуманитарните операции во Сирија, соопшти синоќа Џeси Шахин, портпарол на ОН. Како причина за потегот, Шахин ја наведе комплицираната политичка ситуација во државата. – Во овој момент, ОН не можат да дејствуваат со хуманитарните операции во Сирија поради општата политичка ситуација на теренот – изјави таа. Суспензијата ја вклучува хуманитарна работа […]

ФИФА: Ворнер е доживотно суспендиран од фудбал

септември 29, 2015

Поранешниот потпретседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џек Ворнер, доживотно е суспендиран од фудбал, соопшти денеска ФИФА. Ворнер, за кого САД имаат поднесено барање за екстрадиција поради обвиненија за корупција, измама и за перење пари, е суспендиран бидејќи „континуирано ги кршел прописите додека бил на високи позиции во ФИФА“. Американските власти кон крајот на мај […]

Страна 1 од 2